Јас и мојата фризерска сага. Бев во Лиска после неколку години, задоволна сум, ми правеше некој специфичен степен - ептен густа коса имам. Е сеа уше да не биде хаотична после прво сушење би било топ. Така да пофалби за Даниел, доста подобрено е од претходно и салонот е реновиран. 700 шишање, 400 фенирање. @marta.99 салонов се наоѓа во Ново Лисиче, ако ти одговара.
Ќе ве ммолам за предлог за студио кај што знаат убава форма на коса да направат(на степен), во околина на Центар.
Сакам да прашам дали може да ми кажете некој фризер што ќе може да ме ишиша кратко? Јас бев кај еден и не ми дозволи така како што сакам јас. А убаво ми стој. Порано сум ја правела. Не знам, можеби тој немал храброст таква коса да ми направи. Ваш совет? Кај кого да идам? Благодарам однапред. *Заборавив да напишам. За Скопје се работи.
Препорака за фризер во Битола шо добро работи балајаж техника? Не сите клиенти да се со исти тонови. На две различни места одам, куп пари, косата катастрофа, како шатирана ми е.
So cenite malku kako da preteraa..Letovo bev vo Vlae kaj nekoja frizerka Milka kosata znaci samo vrvovite so masinka mi gi fati, me ofarba crno kosata mi nad ramenici i mi tupna 5500 , pa mi nudese i ampuli nekoi i neznam sto ako i toa zemev neznam dali ke najdev vratata. I baska sakav da prasam site rabotat bez izdavanje na fiskalni ?
За фискални досега ми давале и без да прашам. Ама затоа цените се од ракав вадени. Очигледно обратно наместо тие од странство да доаѓаат тука на фризер, ќе треба ние да фаќаме авион за некоја година. Шала на страна, на мајка ми за фенирање и поправање на прамени (не целосно шатирање) и земаа 7500. И тоа во маалска фризерница што важи за поефтина. И си смени фризер фино лепо
Гледам и шишањето кај Станче го направиле 2000, од 1000ка последен пат што бев. Ќе појдам и овој пат, бидејќи не можам да си најдам баш веднап фризер. Имате некој друг да препорачате, или сите до плафон се отидени со цените?
Јас со години се шишам кај Станче ама претера веќе. Еве не знам што им е филмот на сите, да изгубат клиенти или? А најмногу ме иритира моментот на толку нагло покачување! Од 1000 на 2000 ало! Нешто измеѓу, слабо а? Па за нашиов беден стандард и мизерни плати 2000 за шишање? Како тргнало сите ќе почнеме да учиме да се шишаме и дома ќе си се средуваме пошто шишањево станува луксуз. Во глобала сите се забегани со цени: Артевски 1500, Октај 1300, Дарон 1500-2000. Некоја членка имаше пишано кај Адо дека е 1000ка, можеби таму да прашаш? Еве ајде овие се "познати фаци" ама па и во маалскиве помалку познати е забегано така да не знам веќе... А ич не сакам да менувам фризер, Станче ептен ми е погоден...
Здраво дали ја знаете Лиле малку повозрасна женичка, ниска плава што работеше кај Дадар пред неколку години еднаш таму се шишав и сега не можам да ја најдам а многу добро шиша. И дали знаете некој добар добар фризер во околина на Карпош, Влае...со нормални цени, патем 15 години сите ги шишам по дома и последно сама се шишав дури се изненадив какви степени си направив ама ај си викам да не се замарам сега ама гледам дека со цениве забегале малку повеќе, а немам храброст да си отворам фризерски салон..
Ама што фискална и да се дава кога различно наплаќаат. Ценовник скоро секаде има, од ,,око" кажуваат цени наводно да видат. После кога ќе станеш прават вака, па демек косата си барала и сл. 7500 е крајно нереална цена тек па за во маалска фризерница. Нешто се испозанесоа сите фризери. @Libra ❤ шишај си се сама и гајле немај.