1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фризерско студио

Дискусија во 'Коса' започната од natali25, 30 ноември 2009.

  1. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се менува, едвај најдов фризер. Ама дека се фарбам, фризури дома сама си правам, па ќе си речам ај, и така идам 3-4 пати годишно макс, се јаде. Ама ценава за претерана, претерана е стварно... И се надевам нема повторно за таа цена да ме фенира некој што се учи на мене. Последниов пат такво кубење на коса јадев, лом ме напраи, накрај нишо од фризура, ме изгоре само. Ама си премолчев, дека ептен ми е океј таму услугата. Си викам ако е на пракса, може трема има човекот од кај го знам, да не му преречат нешо ради мене. Ама сега на оваа цена пак некој да ме кубе, би им кажала.

    И ај шо последниот пат убаов им реков, право исфенирајте ме, ради тоа што сакам формата да си ја видам, фризура не ми треба за бош работен ден, они не не виткана. И тогаш толку не се познава, и дека првпат пократко, дома морав малце со ножичките сама да се стрижнам од едната страна, не беше убаво порамнето... Се надевам овој пат нема да биде ваква услугата.

    Може имале премногу гужва, па сакаат на клиентела да намалат за да си работат пак квалитетно. Ќе видам, им давам шанса и овој пат, ако не ќе барам чаре.
     
    На ana-sweet и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    584
    Дали само за шишање или добри се и за шатирање? Со цените како се? Колку време однапред треба да закажам од прилика
     
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.575
    Допаѓања:
    34.945
    Пол:
    Женски
    Јас еднаш имам одено таму, ми ја изгоре косата и бев како зебра. Жената ме правеше, мажот не беше тука.

    Во Џевахир, во кула Д имало фризерка со нормални цени, барем така ми збореа. Ќе барам деновие контакт да одам да се шишам, па ќе споделам искуство со цени и услуга.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    810
    Допаѓања:
    5.126
    Пол:
    Женски
    Јас редовно се шишам таму и презадоволна сум, си одам со слика отприлика за да знае што сакам.
    За други услуги како шатирање немам искуство со нив, така да не би можела да кажам ама за шишање Ели секогаш ме погодува. Фул се со работа и обично кога закажувам може и до месец дена да чекам за термин.
     
  5. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    2.582
    Кој те фенираше? Мене стално ме фенираат или Станче или мајка му. И обично Станче сам ми сугерира да ми ја испеглаат за да ја види убаво формата и да досреди негде ако треба кога е сува. Виткана ми ја прават ептен ако запнам и се погодило да искачам негде после фризерај.
    Не знам, може така ти се погодило тој ден ама како и да е не смеат да си дозволат киксови, прво ради репутацијата што ја имаат, второ ради цената што е забегана...
    Инаку, Никола што работеше кај него исто е многу добар, сега кај Косич работи.
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.983
    Пол:
    Женски

    Порано така беше, јас од Грција одев на фризер во Мк сега последниве 2 години нема шанси, се шишам бланширам тука , за шишање бланширање и прелив плаќам 30 евра.
     
    На eliesaab и Selena01 им се допаѓа ова.
  7. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Страшна работа, реално никогаш не ми било проблем да одам на фризер ама сега веќе редуцирано одам поради цениве, нема смисла шишање е потреба

    https://kupinapopust.mk/deal/index/frizer-i-nega-na-kosa-tretmani-shishanje-tretman-so-makadamiјa-za-dlabinska-hidrataciјa-i-feniranje-vo-naјdobroto-moe-studio-dadar-21650
    Искуство некој да оди тука?
     
    На ana-sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cinnamoroll

    cinnamoroll Нов член

    Се зачлени на:
    2 декември 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, барам предлог фризер во Аеродром за шатирање, преферирам да не биде повеќе од 6000. Веќе сум шатирана (кај Daron, 9000 ми наплати и повеќе наплати отколку што извади прамени ), сакам плус уште некој прамен и коренот да го средам :)
     
    На Lizza1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WitchofWallSt

    WitchofWallSt Нов член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Kako im se dvizat cenite za farbanje dali znaes?
     
  10. simonce97

    simonce97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Предложете фризерски салон во Кисела Вода за шишање. Само за порамнување ми треба,, не барам нешто сложено.
    New Cut до кватро било океј прочитав назад, колку е шишање од скоро да не бил некој?
     
    Последна измена: 5 декември 2024
  11. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    990
    Допаѓања:
    2.430
    Предложете фризер, колку зимаат сега за шишање не сум била одамна?
     
  12. BilyJan

    BilyJan Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2024
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Jas posledno imam iskustvo kaj majka mu na stance pa kaj darko od hairhouse…. Neznam kaj koj poloso pominav. I dvajcata si teraat po nekoja shema sto si ja znaat I ne te slushaat I ne se trudat da te razberat kakva zamisla imas, od idea za blag balayage I Kaj dvajcata zavrshiv so blansh vo koren i bukvalno pepel sum izblanahirana 90% i koga raste kosata e kako presecena…. Uzasno navistina, ne pravat razlika pomegu shatiranje, balayage, baby lights…. Podobro doma sama farba preku cela kosa da si stavev
     
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    12.336
    Пол:
    Женски
    Нашиве врска немаат, шлакаат тон бои. Насекаде вон Мк терат природен изглед (дури и со фарба знаат како да го изведат), тука единствено да ти се нафати некој за корекција. Макар што и тој некој ќе те цеди зашто знае дека ќе затераш дури не те среди во целост.
     
  14. LoveRain

    LoveRain Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2017
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Женски
    Фризерско студио во Скопје во близина на центар за фенирање да ми предложите?
     
  15. Kristinch__12

    Kristinch__12 Нов член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2024
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки дали некоја знае да ми каже фризерско студио во скопје каде што вадат црна кна од коса без да ја уништат косата
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.498
    Допаѓања:
    105.983
    Пол:
    Женски

    Нема нешто што може да ја извади кната од косата. Од искуство. Само шишање.
     
    На Kristinch__12 и eliesaab им се допаѓа ова.