Ги прочитав последниве десетина страници од темава и пишувате дека ви станало прескапо, а спомнувате макс пет фризери. Па добро бе од стотици фризери по Скопјево само овие пет ли знаат да работат? Сте се напикале сите кај нив и нормално дека ги дразните да идат цените во плафон, гледаат дека имаат премногу работа и нормално дека ќе користат убаво да си наплатат. Е сега ако почнете со приказните да ама најдобри се, ако ви се најдобри ќе си го одврзете и кесето, квалитетот си има и цена.
Здраво. Дали некој има искуство со фризура во дл арт? Не кај станче. Би ве замолила и за некоја препорака за фризура тука околината на Дебармаало.
Јас 15 год одев кај Станче и да ви кажам му откажав љубов. Ова со цениве кај него е страшно. 2000 за шишање, 100 евра за шатирање му беше пред ноември, сигурно и тоа качил. Си најдов замена за многу пониски цени, а слободно може да кажам дека исто толку добро работат како и Станче....