Не знам точни цени ама искрено мислам дека нема балајаж под 100еур (па и нагоре во зависност од густина и должина на косата) кај попознативе фризери.
Сакам да споделам едно негативно искуство со шатирање во HairHouse. Бојата што ја добив е преубава, за тоа нема збор. Меѓутоа квалитетот на косата многу лош, ми стана како слама. За цената што ја платив, очекував поквалитетна услуга, а бев приморана после шатирањето од средно-долга коса да ја кратам едвај до врат зашто целата коса беше уништена.
Здраво девојки, сакам да ми предложите кој е најдобар фризер за прамени без разлика дали е најскап или најефтин ве молам што ќе можи да се снајди мојата коса е неколку пати фарбана во црно па сама сум ја осветлувала.. мојата е моментално порасната но може некаде да не осветли праменот па да се снајди а не да ме испрати со фарба дома…
Здраво девојки, предлог добар фризерски салон/ фризер за фенирање и фризури во Ѓорче Петров, Влае или блиска околина?
Некој да оди во салоните фис арт или саваж во лептокарија, евентуално уште некој ако постои. Мислење?
Како успевате да ги добиете? Ја два дена им вртам, на инста, не seen ме оставија. Ама ќе му се вратам на Станче, читам ги вратил цените, сега колку-толку се јаде. Ова 2000ка за шишање му беше..
Бил ли некој овде за шишање??? Старо е мислењето ама да прашам, дали случајно беше да споделиш искуство се мислам таму да се шишам?
За Стојков? Не, го барав тогаш ама не беше слободен. Одам овде последниве неколку пати, ми се допаѓа многу како си работи жената.