Девојки, ми треба ваша препорака! Сакам конечно да најдам фризерско студио во Скопје каде што ќе бидам навистина задоволна ми треба некој што знае да слушне што сакаш, има искуство со малку осетлива коса (со претходна бланш боја), и не ја оштетува дополнително.Сакам да добијам убав природен кафеав тон бидејќи си ја растам мојата боја. Дали имате некој go-to фризер што би го препорачале од лично искуство? Бев кај Октаи и искрено воопшто не сум задоволна не препорачувам, особено ако ви е важен квалитетот на бојата и здравјето на косата. Се мислам за Адо, ама читам доста искуства дека многу не се задоволни од фарбањето, па не сум сигурна дали да ризикувам. Исто, дали некоја од вас има искуство со Студио Три? Ми ги имаат препорачано од Hairshop. Секоја препорака е добредојдена фала ви многу однапред! ❤️