Баш од таа причина престанав да одам таму, како да закажуваш преглед на државно а не фризер и откако ќе ги добиеш чекаш уште еден месец за едно шишање...
Изгледа си имаат редовна клиентела и си ги договараат директно со вработените. Не разбирам како мислат да градат долгорочен бренд на вакви односи со клиенти. Впрочем, секој е заменлив
По мое, овие големиве имиња користат само јавни личности за реклама и работат само за ,,Вип,, не знам што друго да кажам... Никаде не ми направиле нијанса што ја сакам ниту па ми останала здрава косата, освен во она Вип во Центар, не беше нијансата тоа што сакам, но дефинитивно косата беше мека и здрава после тоа, не како слама што ми ја гореле до сеа сите други. Премногу сум разочарана и стварно не знам во Ск некој експерт за плава коса...
Порано одев кај Игор Говорно, одлични беа. И здрава коса, убави нијанси, добро шишање и фенирање. Не знам како се сега, и јас сакам негде да одам за шатирање, но мислам дека тешко за кафена коса да му објасниш дека сакаш шатирање а да не се плави прамените.
А што ги ''молите'' на некој начин ? А, бе фризер ако не ми крене или ми рече после еден месец , чао! Ќе закажувам после еден месец , сериозно јас нивното време ќе го ценам и треба да знам после еден месец тој ден треба да ми биде за нив и ништо да не планирам, а они зависат од нас ,кај такви уфилмани не би стапнала
Имам многу густа, долга и неоштетена коса, никогаш се немам фарбано и сега сакам да направам некои промени. Сакам да ја осветлам барем и ми треба некое студио каде што знаат што прават, нема многу да ми ја оштетат, по можност Куманово или Скопје, околина на Аеродром, Железничка ? И секако попристапачни цени бидејќи ми е долга и густа и секако поскапо ке излезе
Абе немаше воопшто да закажувам таму да не сакав некаква промена.. Бидејќи еднаш поодамна Адо добри шишки ми направи сакав пак такво освежување. Нема врска се снајдов на др место.
Искуство со Hairshop salon што се наоѓа спроти зелен пазар или пак доколку имате препорака за некој друг фризерски салон некаде низ Центар, конкретно за фарбање на косата ми треба па барам некој кој што навистина ќе знае да ме направи асално бидејќи претходната фризерка речиси ми ја уништи косата
Само корен шатирам два пати годишно зошто надоле сум доста плава и долго време беше околу 3000, баш се чудев како само они не поскапуваат ама еве последното шатирање во мај беше 4000
Убаво погодуваат боја, само се гори косата бајѓи. Кај Говорко кога се шатирав ми ставаше некој олаплекс во бланшот и воопшто влакното не ми го оштетуваше. Овие само фарбаат/шатираат, за нега не се баш.
Јас пак кај говорко имам лошо искуство, бојата ми ја погоди ептен ама многу ми ја оштети косата, а се шатирам со години кај друг и не ми била оштетена
Здраво девојки! Препорачувајте ми некој добар фризер што знае секакви фризури (во Скопје) и знае да даде совет и мислење? До сега ниеден не ми се погодил. Исто така мислење за Деки Антиќ во Кисела Вода.
Хаха па само горниот дел од косата. Надолу не ме бланшираат зошто нема потреба. После со тонерот секако се осветлува и изедначува цела коса.