Зависи од должина на коса, колку фарба ќе потроши. Мојата долга кога ме фарбање околу 2000 ми земале. @Снегулк@23 баш ми е жал. Обично повеќе се посветува како салон на нега, никогаш не ме седнале и само мачкај. Сите ме прашувале дали сакаш олаплех во фарбата, сакаш маска ампула. Но ете, сите со различно искуство сме.
Мајка ми со години оди кај Деки, презадоволна е од шишањето. Јас еднаш бев за да ми направи балајаж ме утна тотално, па се преправав на други фризери, така што за фарбање не би го препорачала воопшто…
Веќе еднаш ја имам спомнато во темава, ја препорачувам мојата фризерка - Васе, на Анастас Митрев и е салонот кај Железничка, во близина на Кипер маркет. https://www.facebook.com/p/Belissima-Ka-100052481273038/ Јас имам многу густа црна коса, веќе 4 години кај неа се шатирам кафено/медово без бланш, само фарба (меша 2-3 нијанси за да има повеќе димензија).
Дечки, сегде одете само во HAIRDO не! Поарно баба ви дома да ве шиша, помалце ќе ве унакаже! Отидов со долга, густа коса, ми ја унакажа тој Адо, шишки нема појма да прави, како глувци да ме гризеле. Кога дојдов дома плачев. Јас се сомневам дали тој е воопшто фризер и дали има бар ден школо пошто он не знае ножици во рака да држи буквално! Зима машинката и шиша на рамно со два потега и ајде на каса 1300 денара. Мизерија невидена! И однос НУЛА! Ми се смачи веќе од комерцијални студиа и од тие исти 3 скубли пејачки што одат таму да се сликаат и меѓу себе се шернуваат само. Де он ја шернал Миа па она го шернала него, па после се шернале со Тодевска и толку од клиентелата и занаетот. Срамота! Тие ги фенира за без пари а нас не прави будали и не упропастува. ПЛУС, веќе не ни користи Kerastase производи кога те мијат а цена секој месец повисока. Па откако отиде таму на Водно уште побезобразни и уште понеписмени, више не е ни фризерско студио туку стана реклама за туѓи бизниси и ресторани што на големо пропаѓаат. Срамота! И бегајте ко од ѓавол!
Јас одамна имам впечаток дека Адо убаво ги шиша само тие што ги знае, пријателките негови или фаци некои. Не сум била кај него досега зашто имам аверзија кон ултра извикани салони, но не познавам некоја задоволна од него од мои пријателки и женски кои онака рандом отишле кај него.
Јас не знам што е со фризериве аман веќе??? Ги бирам некои поскапи, као демек ќе ме направат подобро Само за шишање платив 800 ден. Не може да се прикачи сликата, но ако некоја ја интересира каде ДА НЕ ОДИ нека ми пише да го види резултатот...
Ај ти 800 а јас 1500 ги испочастивме ....затоа сега идам кај фризери до 500ден и прашувам дали фенирање спаѓа во таа цена а не 500ден плус фенирање мислам...Господе боже сите до еден да пропаднат ,тогаш гратис и фризури ќе ни прават Леле а колку беше фален овде ,кој и да прашаш се само кај него предлагаа....па уште се чека како за операција на државно...
Женски,да ми препорачате добар фризер за балајаж и со солидна цена? Навистина е прескапо од 7000/8000ден.па нагоре….
Здраво каде во Ск може ваква да ми ја направат, но да не ја уништат како слама да е после? Има ли некој фризер што си ја сака работата стварно или све се за пари и побрзо да те шитне?!
Познавате ли некоја фризерка во околина на Кисела вода каде што шишање е околу 300-400 ден и кај која има термини за ден-два.. (Секаде кај што ѕвонам шишање им е над 500 ден и при тоа слободен термин после 20 септември) Може да работи и од дома, не мора стриктно во салон. Фала
Дали некоја има искуство со балајаж/фолии кај фризер/ка кај која што редовно оди и за одржување? Читав рецензии за SocialHairSalon на google и има стварно многу негативни.. Имам правено во HairHouse(пред 6-7год.) и беше солидно 9/10 ама не сум била на retouch. Кај Весна во 501 бев 2 пати по ред и вториот пат имав жолта линија помеѓу израстокот и новиот бланш 0/10. Кај Октај бев еднаш и ми ја изгоре цела должина а коренот беше оставен црн 5цм -100/10. Кај кој сте константно задоволни од услугата и знаењето конкретно за плава коса?
Ова фриз.студио ми искача често на тикток првото видео му е баш со ваква нијанса, најди го на тикток и види го ... Баш дојдов да прашам за искуство ако некој бил или и овој прави убаво и дава совети само на познати ?
Сите се реклама изгледа хаха јас пишав и предходно 1.500 платив во центар за истата услуга кај мене во населба 500ден.