До плафон, ништо посебно само ќе ти се уфилмува колку години имаш златна , леле па не личиш толку колку си младолика хехе...мене ми е исто фризер од 500ден и од 1.000+ ,како сакате
Фризер и нега на коса | Шишање | Шишање + фенирање + ботокс третман за зајакнување на косата во Фризерски салон „ПЕРФЕКТ“ | kupinapopust.mk https://share.google/DpKdU4xdKqfYoyURX
Центар кај грчка амбасада има една жена што шиша за 300-400 ден. Убаво работи, ама, не знам точно како се викаше студиото. Мислам дека беше Unique Lady.
Искуства од Hairdo за балајаж? Bella Hadid Victoria Secret ми е инспирација, карамел/мед нијанса. Дали мислите дека ќе ме погоди? И како сте задоволни општо? Или препорачајте други салони низ Скопје, само не Станче. Катастрофа воопшто не вреди за парите шо ми ги зема
Јас се имам правено во Интеа Форма, Дебар Маало. Задоволна бев како испадна. Само, тоа беше пред пет години, сега сигурно се повисоки цените и не знам дали е уште истиот персонал или е сменет.
Диор во Центар така? Ако ги знаеш вработените плис препорачај ми некој за шишње на многу долга коса, рамно.
Здраво, дали некоја од вас се има шишано и/или фарбано во Hair studio VIP кое се наоѓа во центар, и дали евентуално би знаеле како им се движат цените?
Здраво Препорака за добар фризер во околина на Аеродром поточно околу Скопјанка .Исто така ако знае внатрешни плетенки супер би било. Имам тенка коса и сакам да ја растам и да ја опоравам па би сакала да правам внатрешни плетенки често но ми треба да е блиску . Благодарам однапред
6000 ден ми кажаа што е прифатливо, бидејќи имам долга густа коса, Станче лани ме отпери 10000 ден и воопшто не сум задоволна. Само што Хаирдо 4 недели не можам термин да закажам, не дигаат, не враќаат, од почетокот на ноември сме во контакт, и нит да ти каже закажи си пошто следен слободен ни е во јануари, и конечно ги добив, саботи не работат балајаж... само да си инфуленсер у покушај или скопска шмизла, инаку не те погледнуваат
Здраво девојки, Ми треба фризерско студио во реон Бутел/Радишани, Железара, Автокоманда... Една година веќе се трудам да добијам идеална црвена нијанса, барам некој што ќе ме погоди.
Искуство со id team за шишање или препорака кој шиша добро? Дарон во ист гејт? И дали би добила термин за два три дена? Ми требаат убави curtain bangs но имам премека а тешка коса и ретко кој ми погодува
Leontić kolku zima za feniranje onaka sekojdnevna frizura? Ne mora baš ona da bide, može i drugi kaj nea
Здраво, ако може да ми предложите фризерско студио за бланширање од кое имате искуство и сте задоволни, и ако има некој слика пред и потоа, и цените да не им се до плафон