Работи ли некој во недела? Кај и да се јавам викаат дека не работат, а ми треба за најобична фризура.
Не, освен маалски фризери (додуша и тука е дискутабилно дали ќе се нафатат). Ептен треба да си редовна кај такви, па да ти излезат пресрет.
Ми треба добра препорака за фризер/ка во Скопје од која сте многу задоволни и знае да шиша степени и curtain bangs. Ако знате и инстаграм/фејсбук профил, пишете ми и тоа. Фала вииии
Фризерско студио во Скопје за блајаж, сакам да осветлам коса скорс накај плави ама многу ми е страв да не ми ја направат жолта…
Фризерско студио Деа, тотално професионална за колористика. Имам плава коса и не се познава дека секој месец ми бланшира корен - пошто врвовите и цела косата изгледаат здраво. На почеток вадев прамени, па скроз плава, па пак изразив желба да ме напраи со прамени, скроз природна ми изгледаше. Побарај ја на инста и фб, исто како што ја пишав е потпишана. Пс. Не сум јас таа Деа како никнејмов, јас сум и' клиентка, само исто име имаме
Ме интересира дали има некоја од вас искуство за шишање на степен во hair house? И колку чини? Последно кога сум била 800 ми зеле, ама сега сигурно е поскапо.
За разлика од другиве салони, јас бев изненадена прво од квалитетот, второ од цените. Евтина е за разлика од другите. Не ми текнува точно, пошто пред 3,4 години вадев прамени или балајаж (не се разбирам од терминиве) ми зема 3000 ден само и тоа многу добро ме направи, со оглед на тоа што имав мешавина од претходно црвена и црна боја на коса . Шишањето и е 400-450 ден мислам, не ме фаќај за збор. Колористиката исто така е со пристапна цена. И не е некоја да е локална оговарачка и да ти се одмили идењето, напротив - многу е топ фризерката и башка во центар на скопје е. Секогаш сум била противник да им давам пари на богаташи и фризери со дигнат нос како што е оној октај или игор. Деа ми беше откритие и веќе 5та година сум редовна.
Јас одам во Sasho & Miki Exclusive веќе две години, кај 7ца во Аеродром. Имаат апликација каде можеш да видиш цени и да си резервираш термин. За средна коса е 700, долга коса е 800, но зависи и што бараш.
Бул.Кочо Рацин, позади двете трафики, кога се оди по патчето накај Корчагин средното. Во близина е Фонд за здравство. Го има на мапа означено.