Сум била само во Hair House, имам пишано во темава, бев за шатирање на светла коса, бојата ми ја погодија, многу убава нијанса, ама косата цела ми беше изгорена, во мојот случај мислам дека фарбата или бланшот ми беа прејаки. Не би одела пак кај нив. Немам искуство со Hair Shop Salon, видов дека имаат подобри Google reviews.
Јас дојдов да пишам за фризерското студио во Лептокарија Фис арт. Бегајте! Не ги ни помислувајте! Прво, на закажан термин, 200 души внатре..ок! Ми ја измија косата, чекам да се ослободи фризер за како ќе ме шиша. Доаѓа женава: ајде девојче да видам како сакаш? И покажувам, не гледа во мене гледа надвор во вратата… ок.. Шиша што шиша, се зазборува со жена што е позади мене, зборуваат нешто за фустани ау, и не забележува дека ме гори со фенот во уво. Односно не ме суши туку збори и фенот го заборави кај мене на уво. Трето: ме ишиша криво, едната страна ми е подолга од другата. И ме убедуваше дека е одлична.
Здраво дами Дали некоја има одено кај Костадинка фриз.студио во Карпош? Како сте задоволни? За шатирање и шишање Убав ден на сите
Презадоволна сум од Станче! Фризурата стои совршено и воопшто не се расипува. Има многу убава и позитивна енергија во студиото. Топла препорака
Девојки јас повторно очигледно никој не бил кај КостадинкаВе молам за совет и ваши препораки,сакам добар фризер со нормални цени не некој над 5000-6000 па нагоре..За шатирање и можеби шишање..мојата фриз.замина надвор и сега барам..Се мислам за Реина, Деа или Костадинка?? Јас сум шатирана,но ми е порасната и сакам да ја осветлам баш плава