Јас одам кај Дарко последниве 4 години. Многу сум задоволна како ме шиша. Немам некоја комплицирана коса, ниту фризура, но досега ми се нема случено да после шишање, знаеш она првото миење да се чудиш што сега да правам. Само ми е скап искрено 1500 ми зема и некако ми е многу. Јас одам онака иста фризура само ме крати да речеме 8-10цм и тоа е тоа. Права коса, малку степен напред, немам шишки, не сум фарбана.
Здраво! Дали може да ми препорачате фризер(ка) во Скопје каде би можела да добијам ваква фризура? Претходно кога побарав вакво нешто добив фризура а ла Карен. И ако може да не е премногу скапо, иако гледајќи ги цениве не се надевам многу на тоа. Благодарам однапред!
И покрај високите цени спомнати погоре, јас би ти го препорачала Станче. Одам кај него три години и многу сум задоволна, потрагата по добар фризер за локни во Скопје конечно ми заврши. Околу цените, јас последно бев во декември 2025 и ми наплати 1000 денари. Во тоа спаѓа миење, шишање и обликување (фенирање или локни). Ќе одам пак за некој ден и ќе ве известам за цените, 2000 денари е значително покачување, дупло од претходно. Дали ќе продолжам да одам кај него ако е 2000? Веројатно да, затоа што не можам да најдам друг, а и одам на фризер 2-3 пати годишно. Но ова што се случува со цените е insane, не ни ми се прашува за фарбање, омбре или слични такви екскурзии.
Истото мислење го делам и јас. Многу фризери имам сменето и само он знае да ме погоди онака како јас што сакам, без експериментирање и кратење +10цм од тоа што сум го сакала. Последен пат бев во април, ми наплати 1500 денари а сега слушам дека наплаќал по 2000. Баш пиши кога ќе отидеш дека сакам и јас да се шишам за 2-3 недели
Бев кај Станче, ми наплати 1000. Не знам дали има врска должината или е нешто друго, јас имам лоб, но ми е прилично густа и виткана.
Ви се десило да ви дадат веќе скенирана фискална на фризер? Ја се шишам, они веќе си печатат во позадина и си скенираат. Мизерија.
Баш мизерија. Особено ако била висока цената, како сумите кои се спомнати погоре. Но, фризерите, ако не грешам, не се даночни обврзници....или грешам?
Имаше данок. Јас на моите им ја дадов, ми викаат оваа веќе скенирана. Никогаш нема да стапнам таму веќе, кај ме осакатија, кај ме ошурија, па згора на тоа само што излегов, морав да презакажувам и да најдам некој да ме среди како што треба. Очајна ми беше косата, уште на крај не ти ни дава да се видиш, продолжува со друг муштерија. Го вратив назад, ама џабе, пак на ништо не личев. Ужас. Патем салонот се наоѓа во Тафталиџе во близина на верото. Нешто со cut беше.
Исто и јас толку плаќам мах 500ден и ме шишаат исто како овие кои наплаќаат 2.000ден никаква разлика освен во цената.
Зависи колку си флексибилна за термин. Ако можеш само попладне (после работа) се чека повеќе, ако можеш и преку ден е побрзо. Јас можев преку ден и ми закажа од понеделник за петок. Најдобро да му пишеш на Инстаграм и ќе ти каже.