Скопје Центар-Кисела Вода во близина на Подвожњак види на ФБ Imidz Plus .Последно кај неа беше 400 денари шишање+100 миење коса.
Дали некој во скоро бил кај Дадар на шишање и нијансирање и како сте задоволни?? Кој фризер работи таму сега?? Гледам имаат интересна понуда за нијансирање и шишање периодов
Девојки ве молам за препорака некој вака убаво да шиша шишки И сакам да се фарбам во црно , цена не е важна само да работи убаво
Ако сакаш да те ограбат, оди. Елена посебно ако е таму? 1/1 ќе ти биде наплатен одделно шампонот, регенераторот и маската што се користени, спрејот за заштита од топлина исто, тоа освен ако не сакаш да излезеш со мокра коса од салон, ја имаш иналу и таа опција. Се наплаќа посебно секое допирање на косата, шишање+миење+фенирање или сушење ако се одлучиш. Не дај боже да треба да се фарбаш, типката ми наплати 3000 денари за тонер иако не бев кај неа ама она ми наплаќаше секако. А фискална нигде.
Ме изнасмеа, малку е преувеличено, ама апсолутно е точно дека е прескапо. Мене ми земаа 2500 за најобична пунџичка со еден пуштен прамен, а и ова беше во 2023 кога цените беа доста пониски. Оттогаш немам стапнато кај нив.
Дали некоја членка се шишала во Luxury hair designers? И како се со цени? Читам и за cut&cut неколку ги препорачаа ама без додатни коментари. Кај Октај правев фризура последно - ме изгори со цената. Имам и во Диор автокоманда- ок се за обично шишање ако сакаш само да ја освежиш. Или да ми препорачате студио со пристапни цени ама не само да те исчкрапаат туку тие да ти кажат што би ти стоело и форма да дадат на коса . Фала ви
Искуство со фризерско студио во Влае или Хром? ПинАп Бубе у Порта или Кети (мислам дека беше) кај Анифарм Хром, има ли некој искуство и дали би ги препорачале? Пола ментално здравје ќе си го средам ако ја средам косава ...предосадно ми е, а немам време да ја средувам сама...