Во врска со кратките фризури, кој фризер од Скопје би ми го препорачале како мајстор за ептен кратко потшишани кул фризури? Знам дека се ретки жените кои ја имаат храброста да ги носат овие фризури ама се надевам дека ќе се најде некоја со свое или барем искуство од блиска особа
Таков тип на фризер според мене е Мио, баш е за храбри девојки, кои пратат трендови во шишање и се за такви промени. Студиото му се вика Cut Cut, карши фонтана беше, ваљда е уште таму. Иначе "солено" наплаќа и убаво разграничи му фенирање/обликување и се остало што планираш да правиш, за да не се изненадиш после.
Rubiii мислам дека нешто имаш помешано, студиото на Мио се вика Студио Мио и е во близина на грчка амбасада, a Cut&Cut карши фонтана е студио на Диме. Инаку имам и јас добри кратки фризурчиња видено од Мио, а ценовникот го има на страната.
Ау да Сега подразмислив и се преиспитав, сум ги смешала Како и да е, познаничка учестуваваше на една ревија која ја правеа cut&cut, многу штосно ја имаа ишишано, а и Мио е добар за такви фризурки, и исто моја другарка оди кај него за такви "посмели" фризури, такада и 2та се добар избор.
Јас сум се шишала во Диор и сум задоволна.Девојчето кое ме шишаше се вика мислам Елизабета не сум точно сигурна.Првин темелно ми ја изми косата 2 пати со шампон,и потоа ми стави маска.Значи се си беше на ниво.
се согласувам за Мио порано се шишав кај него, пред две години ме шишаше за 1200ден-секогаш ме шишаше отприлика за толку имам долга коса и ги прават сите тертипи-миење,маски, расчешлувачи, против пукање, за фенирање , те пеглаат, буквално имаш услуга на ниво -а и таква му е цената.Плус секоја година ти го честитаат роденденот со порака. Е сега Мио е малку специфичен ако си му интересен карактер ке имаш топ фризурка ама ако не си му малку потешко. И секогаш е по негово како тој мисли дека треба да изгледаш така и ке биде. За кратки фризури е стварно најдобриот +би ти препорачала ако се шишаш кратко да оставиш тој и да те фарба . Ке ја имаш најчудната фризура во град -исто како да си излегла од каталог. Но спреми си 3000ден. Но добро е што и по неколку месеци ке имаш и фризура и чудна фарба иако ке бидеш подрасната ,повторно сите ке те прашуваат каде си се шишала. Спојлер А ако ве интерсира зошто не одам сега -Тоа е затоа што последниот пат кога бев ме шишаше една девојака а не Мио наводно бил на пат. Ме изнервира фактот што не ми кажаа. Туку ме измија се ,и ми вели таа Мио е на пат јас ке те шишам.Ми идеше да ја летнам во воздух...
фала ви девојки, сите го фалите тој Мио, неговата страна има ценовник и за шишање вика дека е 500 денари а Коловоз некако ме збуни со тоа што рече да си спремам 3000 денари, уф тоа е премногу скапо. Дали тоа треба да значи дека кога ќе отидам кај него, ќе почне со тоа чекај маска, па ампула, па не знам што и сето тоа ќе наплати па нема да излезе шишање 500 денари туку 3000. Башка јас немам многу долга коса, имам боб фризура, ја носев кратко пред две години па си реков да ја пуштам да сменам малце ама ете ми здосади ова пеглањето, фенирањето па си ги гледам старите слики со кратка коса и многу поубава и посамоуверена се гледам Инаку јас сум бремена и не се фарбам, не толку поради бременоста колку што се фарбав костенлива за да си ја повратам мојата природна боја па сега целата коса ми е изедначена со коренот и имам природно убава костенлива боја. Така што реално мене ми треба само шишање!!!затоа ми е од корист да не е премногу скапо.
не не не лошо сум се изразила - за шишање за долга коса ми земаше 1200ден. Во таа цена е вклучено миење, ампула,нешто за фенирање , шишање и фенирање (кај мене и пеглање). -додека за кратка коса само шишање е поефтино. 3000ден ти се потребни доколку сакаш да ја фарбаш косата
Дали некој знај дали прават убаво фризури во фризерско студио Нифертити и ако некој знае facebook страница нека ми прати во ЛП. А инаку фризерсково студио се наоѓа во прилеп. Фала однапред
Девојки сакам да направам промена на косава, шишање, нијансирање...прочитав дека го фалите Јоцо од студио Скопје, па сакам да прашам дали ми го препорачувате конкретно за нијансирањето и колку пари зема ?
Фризерско студио Марија. Се наоѓа во зградите помеѓу Зегин и Стопанска банка. Позади оние познатите за тестенини Душеглупчеви ли беа, како ли беа, одма на ќошот на зградата. Ако сакаш број пиши ми лп.
Дали некоја се шишала во Фризерско Студио Сани? Би требало да се наоѓа кај студентскиот дом Гоце Делчев
Знам кој е бидејќи живеам во близина, само и мене не ми текнува како се вика. Битно ми го имаат фалено неколку знам.