Dali nekoj redovno se sisa vo frizersko studio KAN mislam deka se vikase, turcin e mislam covekot i salont mu kaj zebra vo kapistec. Se sisav ednas pred 2 godini kaj nego i prilicno dobro me isisa, okolu 400 den mi zema.. Sega sakam pospecificna frizura i neznam dali dobro bi me napravil i dali mu e istata cena i dali use raboti) I vo slucaj da znaede nekoj drug fizer ( okolu karpos, debar maalo centar) slobodni izvestete me inaku eve ja frizurata
И мене ме интересира фризер во Центар или Капиштец. Некој да не е скап, не ми треба бог знае што да ми прави фризури - долга коса имам, за стрижење и обично фарбање со моја фарба.. колку да очекувам?
Девојки може ли некоја да ми каже колку зимаат за фризура и шминка во студио КОСА во Ново Лисиче, гледав слики на фб сакам да одам кај нив..
уууф соленко јас мислев до кај 1000денари ќе ме фати.. сакав собрана да ми биде, нешто ко растурена пунџа,со виткани праменчиња надоле.. а случајно да не знаеш цени на студиото Лени? Исто во Ново Лисиче, или да ми препорачаш друго ,асално?
не знам за Лени, јас во Коса се шишам и сум задоволна, шминка и фризура немам правено таму, сестра ми стално иде кај нив и е презадоволна, а и други девојки што биле се задоволни. Цените се тие скоро во сите поприфатливи студија...евентуално да си викнеш шминкерка дома која ќе те направи за 500 денари на пример и уште фризура до кај 800 највише. Има еден дечко во Ново лисиче, незнам кој ми го имаше спомнато дека солидно работи, тука е негде околу кулите или кај што е ројал бургер не сум сигурна распрашај се.
Прочитав дека го фалите Мики од фризерското студио 'Сашо и Мики Ексклузив'. Може да ми кажете која цена е шишање? Фала
Може ли некој да ми каже во Скопјево каде има добар фризер ?која и да е населба не е битно.Значи планирам да се фарбам плава ,некој што се разбира многу поради тоа што самата се имам утнато мал милион пати ,портокалова ми има излезено
Да ви кажам мое искуство со фризерскиве студија, долго време си имав мака неможев да си најдам асален фризер, секој пат се шишав кај различен и не бев задоволна, излегував сосема различно од тоа што си имав замислено. Пред едно 2,5-3години , другарка ми предложи заедно да одиме кај една фризерка кај неа во населба, и не очекував ништо посебно , на крај не ми се веруваше дека жената ми ја среди косата дури и подобро од мојата замисла, од тогаш само она се грижи за мојата коса, и за матура шминката и фризурата не ми мрднаа два дена.. несакам да именувам за да не испадне дека правам реклама
Девојки си имам мака Сакам промена и се решив за ова на сликава подоле, ама незнам кај кој фризер да го правам. НЕсакам некој да ме упропасти косата ми е многу негувана и слабост. Ве молам за совет и благодарам.
Абе женски, гледам дека Сашо и Мики Ексклузив се популарни, ама пред некој ден поминав од кај нив, тоа не е фризерско студио, од надвор е направено ко шупа, значи со спреј пишува на еден лимен отпад сашо и мики ексклузив?!?...што се толку ексклузивни стварно не знам
Препорачајте ми добар фризерски салон во Струмица. Ретко се решавам на ваков чекор да менувам фризер во пет до дванаесет, ама за жал принудена сум. САМО да не е преценетиот Даци, кај него моја нога не стапнува.
Мишелке, а овој новиот Студио Меџик познат ти е ? Марјан Петров се вика човекот, како шо гледам добро работи, ама пребукиран е бре.
Скопјанки Хелп Закажав за шминка и фризура за веридбата на 5ти кај Арменд Рамадани,пошо му е близок другар на дечко ми и он запна кј него.. е сега се имам и порано праено кај него,ама онака шишање,фенирање и посекојдневни фризури. Била некоја од вас кј него?? колку сте задоволни?? па и ке ме шминка тој
Веќе осум години се шишам кај Љупка во Капиштец и за мене е убедливо најдобрата фризерка.. жената си има фат и прави ремек дела. Шишање е 300 денари
Дечкото се вика Влатко и стварно добро шиша,јас стално идам кај него и нема шанси да го сменам.Работеше во студио Дијана до ројал бургер ама сега си отворил свој салон исто тука е негде во близина ама не знам каде точно Ако знае некој нека ми пише одма.Требаше да се шишам сега пред одмор ама пошто не можев да го најдам ништо од шишањето Кога ќе се вратам од одмор морам да го најдам пошто кај друг не планирам да идам