Кај него богами уште од сега се фаќа ред за Нова година . Ми беше на мисла дали да одам кај него, ама џабе кога не можам да добијам термин во скоро време, а баш ми се прави промена и нестрплива сум.
Луѓе, препорчајте ми фризрско студио, сакам да вадам прамени и кажте ми колку тоа би ме чинело, имам долга коса
Препорачајте ми добро фризерски студио во Кичево? Фризерката каде што се шишав долго време престана да работи па сакам да се шишам ама незнам каде :\ Ако несакате да пишете тука,слободно може ЛП
Драги Феминки. Ајде давајте предлози каде јас да ја средам мојата коса. Веќе втора година ја пуштам својата природна коса,т.е.боја. Имам уште некои 7-8 цм што се останати посветли,од фарбањето но, сега сакам да да семнам нешто Сум се фарбала од 14 години и буквално сите бои ги имам сменето, сега природната боја на косата ми е костенлива, меѓутоа сакам малку да ја осветлам со прамени во две или три нијанси. Ми треба некое студио каде ќе ме средат, да работат со квалитетни производи но, да не се прескапи. Ми треба некој салон со поприфатливи цени. Ако знаете, кажувајте, ќе ви бидам премногу благодарна
Јас сум презадоволна од фризерката што работи во фризерско студио Цеца во Кочани косата преуаво ми ја направи и исфарба за само 300 ден
devojki mi treba pomos, sakam da ja osvetlam kosata pa mi treba nekoj navistina dobar frizer po moznost da raboti vo sabota ako ima nekoja napraveno ombre ili nijansiranje vo skopjevo i e zadovolna neka mi preproaca
Moze nekoj da mi preporaca frizer sto raboti vo nedela, vo reon na novo lisice, aerodrom.....za frizura?
За во Скопје можам да го препорачам фризерското студио што се наоѓа спроти соборон храм, зборам за спротивна страна од страната на Партизанска, позади зградите во пролазот, не се сеќавам како се викаше, за фенирање и пеглање се закон и не се скапи. А за во Кавадарци би ја препорачала Жака или фризерскиот салон и се вика „ЃОАНА“ за шишање е измислена а за фризури па збор да нема има да ја носите три дена и да не ви мрдне ни влакно. Е сеа некогаш знае малку повеќе да истапира ама ќе си кажете дека не сакате тапирање.
Морам да исплукам едно фризерско студио од Битола. Викендов бев таму на свадба и си закажав во Capelli Arte на широк сокак. Арно ама тие таму благе везе немаат. Локните не ми издржија ни еден саат, а фризурата скроз ми ја утнаа. Бевме вкупно 4 девојки и сите сме незадоволни. Јас во животот не сум била поизнервирана ко тогаш. Ми идеше таа девојката да ја акнам од земја. И викам ова не е тоа што ти го побарав и ми крева рамења, декем косата ми била многу мека не се тапирала, како па да не.
Видов дека ве има многу битолчанки тука, па ќе ве замолам да ми препорачате некој добар фризер што знае убаво да фарба.. Сакам да ја осветлам косата накај пепеласто плаво, а таква нијанса е тешко да ја долови секој.. Некој искуство? Навистина ќе и бидам од срце благодарна
Дечки кажете ми добар женски фризер ама профи за кратки фризури,да ми ја направи како што ке му покажам слика во Скопје
Некој да каже искуство со „Ројал Бјути„ кај Апче се наоѓа, гледам имаат интересна понуда на Групер...