Јас веќе со години се шишам кај Igor Jazz позади Универзална Сала. Користат Eugene Perma производи и на секој месец-два си ставам Бустер ампули за нега на влакното. Ампулите се ставаат еднаш и наредните 3-4 недели го штитат и негуваат влакното.
Женски добар фризер-а воедно и ефтин во Битола? Гого знам дека е топ,ама скапо му е....ја пуштав долго време косата и сеа сакам малце само да ми ја израмни а претходниот пат ме унакажаа па сега не знам кај да одам....
Девојки, не најдов посоодветна тема за да го поставам моето прашање па затоа тука. Сакам да ве прашам дали знаете каде би можела да завршам курс(обука) за фризерки во Скопје(да не е Работнични универзитет Кочо Рацин и Леонтич)? И дали би добила некој сертификат за работа? Секоја информација е добредојдена, ви благодарам однапред
Фала многу Kala22 , погледнав, но некако не ми влеа доверба дали ти имаш искуство со нив? Јас сакам да завршам курс и да се стекнам со диплома за понатамошна работа во фризерско студио..
Здраво на сите, сакам да правам минивал (ладна, ондулација) дали можете да ми препорачате некој добар фризерски салон во Скопје?
Женски никако не помислувајте да одите во ''САНДРА ЕКСКЛУЗИВ" Крајно НЕ ПРОФЕСИОНАЛНО работат: од однос на вработени, до фарби, шампони кои ги користат...УЖАС Крпите кои ги користат за бришење откако ке ве измијат ги сушат и спремни се за употреба за следниот Ова искуство е од салонот во Центар
А баш гледавм пред некое време на Групер имаше ептен добри и ефтини понуди за коса и некои третмани за разубавување, депилации и чуда. Што препарати за коса користат? Од која марка?
По не знам кој пат пишувам во темава. Девојки дај препорачајте ми добра физерка во Кичево,што ЗНАЕ да шиша. И да знае убаво да шиша рамни шишки ! Ве молам за одговор,ако воопшто имате искуство со некоја фризерка што знае да шиша. Ако не сакате тука пишете ЛП
Дали некоја била на курс во Hairstyling studio CUT&CUT ? Како сте задоволни колку се плаќа,каква е нивната услуга ? Би била благодарна доколку добијам одговор од некој
Па мислам дека не би требало да имаат различни цени од салонот во Автокоманда.Иначе во Автокоманда зимаат 200 ден, но без фенирање и маска,за ова се доплаќа плус.
Шишање им е 250 денари, а шишање, обликување и миење е 400 денари. Незнам што им значи тоа, зарем само ако ме шишаат нема да ме измијат и ќе ме пуштат со мокра коса да одам? Еве ти бројче ако сакаш јави се, јас само пофални зборови имам слушнато за нив: 076/496-088 Нареден пат таму ќе се шишам.
и јас заради понудите се залетав, гледам убај слики, фризерскиот салон убо среден...Во понудата пиши КВАЛИТЕТНА ИТАЛИЈАНСКА ФАРБА а тие клават некоја ГРЧКА ''evelon" (така ми објасна фризерката) ама искрено мислам дека се кинески, пошто косата уште ми смрди
и јас заради понудите се залетав, гледам убај слики, фризерскиот салон убо среден...Во понудата пиши КВАЛИТЕТНА ИТАЛИЈАНСКА ФАРБА а тие клават некоја ГРЧКА ''evelon" (така ми објасна фризерката) ама искрено мислам дека се кинески, пошто косата уште ми смрди