Ема вака да ти објаснам, јас идам во Сандра редовно зошто ми е ептен блиску и плус за таа цена супер е, зборам за фенирање другите услуги не сум ги пробала. Инаку не знам што шампон користат или фабра бидејќи и кога се фенирам се мијам дома, поради тоа што си имам свои препарати и како што знам јас да се измијам не знае никој. А за фарбање такви работи искрено не знам што очекувате, за толку пари толку музика. Ама не работат лошо, јас идам еднаш неделно и задоволна сум за тие услуги и за толку пари.
Девојки да се надоврзам на дискусијата за Диор. Јас на времето уште одев во Автокоманда и бев супер задоволна. Одлично работат, брзи се и талентирани. Јас таму се шишав за 250 денари со се миење и обликување. Мајка ми се има шишано во Диор во Центар 2 пати и баш ја прашав, рече дека 250 платила, а ја измиле и ја исушиле на крај. Во последно време и мене ми е релативно близу до работното место, па ќе одам и јас. Како и да е вредат и за 400 денари, барем јас би ги дала, но сепак мислам дека е поевтино. Ако некој отиде во меѓувреме нека сподели информација
@Giovanna јас имам флаерче дома и баш така пишува како што напишав: шишање 250 ден шишање, обликување, миење 400 ден. Затоа е збунката.
Можно е тоа да се нови цени, друго не ми паѓа на памет. Мајка ми се шишаше во септември последен пат и баш ја прашав дали имаат исти цени и покрај новата локација, затоа што по некоја логика киријата би требала да биде доста поголема за тој простор. Ако флаерчето ти е од октомври или ноември тогаш има логика, инаку стварно не знам. Како и да е за некои две недели планирам да се шишам па ќе ви кажам од прва рака дали се сменети цените
Јас деновиве закажав во Сандра Ексклузив за шишање,фенирање и маска се комплет за апсолвентско сликање. И се надевам ќе ме средат ко што треба. А инаку ич нема попусти сега ние како апсолвенти што треба да ги добиеме бидејќи се сликаме, а ќе имаат налив на работа многу. Тоа е целата работа всушност што не ми се допаѓа на мене, кога ќе дојде мај месец се гураат кој по пристапна цена да стави, а секаде всушност е исто.
Доцнам со одговоров,ама еве дури сега видов,немам искуство со нив,прашував јас за друга обука ама искрено цената беше многу висока,случајно видов дека има и за тоа што тебе те интересира па ете го споделив,распрашај се може има и на други места
Знаете ли некое добро фризерско студио во Ново Лисиче и околината? Сакам да се шишам и прамени да ставам, а не ми се оди кај секого. Не е работава само тури го бланшот и готово. Слушам убави муабети за "Коса" фризерското студио. Бил некој? Ги бива ли за шишање и фарбање или само за свадбени фризури?
Денеска бев во Сандра и имаше една случка каде постара жена со крпата за коса си ги исчисти ушите после миење. Мислам ми се згрози. За крпите некој погоре дискутираше сега нечистите крпи ги собираат по корпи и за перење. Среќа со друга крпа ме миеа, иначе ќе им свикав. Госпоѓата чак си донела и свој шампон, па некои жени навистина имаат чудни навики. Инаку јас убаво сум ишишана и исфенирана. За пола час бев готова. Па за сега сум задоволна.
Јас одам долго време во Коса и искрено задоволна сум. Фини се многу, цените им се нормални. За мене се просечна, маалска фризеница, која има доста поволни услуги. Супер си работат. Ако мислиш да менуваш фризура и/или боја на коса која е драстично различна од твојата сегашна, не би ти ги препорачала. А за одржување на косата се одлични.
Штета А баш се израдував, бидејќи ептен ми се блиску. Јас би ставала прамени и би се шишала малку поекстремно и токму заради тоа барам некој што си ја знае работата. Ретко кој фризер до сега ми правел прамени, а да не изгледаат ефтино. Ништо, ќе барам друг фризер. Гледам фризерското студио "Скопје" го спомнувате многумина. Критики, пофалби за нив? Цени?
Има ли некоја девојка од Кочани која што знае за некој фризерски салон што нуди обука овде? Доколку има таква нека ми остави информации овде или по лп Поздраввввввввв
Јас би ти го препорачала Мики од Сашо и Мики екслузив. Побарај ги на фејсбук. Студиото се наоѓа позади 3 бисери. Јас конкретно немам никогаш правено ектремни промени со фризурата. Најобична ми е, права, рамна, па затоа "Коса" ми се супер за потшишување. А за Сашо и Мики ексклузив имам слушнато доста позитивни коментари. Кај Мики имам правено само фризура за на свадба. Одлично ме направи.
девојки би сакала да си ја направам косата вака нешто: па прашањето ми е, каде во Скопје би ми ја направиле така без утка и колку пари би требала да платам за такво нешто? Фала ви однапред )
Сакам екстремна промена на мојата коса, се мисли на розева, плава, жолта, зелена боја каде во Скопје може тоа некој да го направи и за колку пари? Благодарам
Ај да пишам како што и ветив. Сепак цената за шишање со обично право сушење во Диор-Центар си е останата 250, а тоа што го пишува во ценовникот како шишање со обликување е најверојатно шишање со некое посебно фенирање, ако сакате да ви ја виткаат или нешто слично. Одлично ме средија за пола саат, од миење до станување. Не се чека беспотребно по пола саат да стигнеш на ред, веднаш те фаќа девојчето каде што имаш закажано. Мене ме шишаше Маја и пак би одела кај неа. Љубезна и фина и одлично ме сфати уште од прва како сакам иако малку позахтевна фризура имав смислено која што бара доста прецизност. Ако ви треба бројче пишете ми лична порака, да не го ставам тука во темава.
сакам да се офорбам но не сум сигурна дали косата ќе ми биде премногу оштетена или пак? се двоумам многу некои ми кажуваат и со спреј но не сум сигурна ни со тоа
Женски дали некоја од вас оди во фризерски салон Vogue на улица Благоја Дафков во СК ? Како сте задоволни и колку пари земаат за стрижење ?