Има ли фризерски салони во Радишани? Ако има знаете ли дали работат и во недела и отприлика колку е пари за виткање и шминка?
јас би ти ја препорачала Фризерката Вале кај Универзална, прочитав на еден форум дека ја фалат и отидов на шатирање и шишање на своја рака и бев презадоволна. Ја гушкав ја бачував жената колку добро ме направи за нормална сума на пари. Еве ти го бројот или најди ја на фб Фризерски салон Вале
Има ама не си го погодила правиот Јас женава случајно ја најдов преку форум многу ја фалеа и отидов на своја рака. Презадолволна бев и и станав редовен муштерија ФрИЗЕРСКИ салон Вале кај универзална, предобра е а и жената прејако со стил и на фризура мислев изгледа. Па нели по фризерот све се познава.
Може да ми препорачате добар фризер во Прилеп ? Ми треба некој што работи со квалитетни фарби за коса.
Ај пак да прашам: Да ми препорачате фризерско студио во Ново Лисиче. Бев во “Коса”, ама не сум задоволна. За шишање сум. Во околинава имам еден куп фризерски студиа, ама не ми се оди на слепо.
"Марија", се наоѓа во редот со новата месара што има чудно име салонот е на ќошот на зградата, а позади е онаа продавницата за тестенини Душегулчеви или така нешто се вика ако сакаш број пиши ми лп.
девојки што мислите за новиот тренд метално сива-грени коса .. сакам да се правам таква али ми треба некој фризер кој вистински си ја знае работата зашто не е мала промена хелп?
Се шишав во Диор - Центар пред некој ден, презадоволна сум. Миење, шишање и фенирање 500 денари. Одлично работат.
А мимс кој точно те шишаше? Јас се изначитав лоши коментари за студиово и немам влезено воопшто. А напротив кога и да поминувам од таму со автобус секогаш имаат клиенти.
Баш ја прашав девојката Сања се вика. Не се шишам некако посебно јас, рамно само и шишки правев што посебно ми се допадна како ми ги направи и плус ми даде совет. На друго место не сум била задоволна од тоа како ми искочиле шишките затоа што имам виткана коса, од тука затоа сум посебно задоволна.