Јас вчера бев во Диор во Центар.Девојката се вика Лиле имала 10 години искуство,од Диор во автокоманда сега тука дошла да работи.Премногу добро ми ја изми косата,тоа многу му се допадна..порано имам идено на места каде што еднаш ќе ти стави шампон и набрзинка ќе те затрла..Девојкава добро го измасира скалпот..морав ова да го пишам,не е некоја голема работа ама мене посебно ми се допадна тоаМи се допадна како ме ишиша исто така..и многу ме тинтраше..некои склет ги фаќа,ги нервира кога некој споро ги работи,мене ми се допадна тоа..Одлично место,би се вратила пак
Да ве прашам за студиото Диор во Центар, колку дена однапред закажувате за термин? или пак воопшто не закажувате и идете на лице место и си чекате ред? Во среда сум на свадба па ме интересира дали би можела да најдам термин или ептен е фул (дека нели Dior е во прашање не некое обично студио).
pred 1 ipol bev vo dadar kaj eden i sakav samo vrvovite da mi gi skrati i toj vika seeddi jas tebe da te isisam i ja mu se prepustiv od golga kosa do polovina me isisa vo pod rameni iskreno ubavo mi e ali mi neddostasuva repceto
И јас сум задоволна од Диор во Центар. Одамна се немав шишано таму, не памтам дали некогаш ме утнале. Фризурата ми е многу едноставна - long bob како на Emma Stone, со шишки на страна. Отсекогаш носам шишки и малку се карактеристични, па се плашам од крајниот резултат, без разлика што, да речеме, цел живот ме шишала истата девојка. Овој пат прекрасно испаднаа - лелеави и со средна должина, баш како што сакав. Девојката беше пријателски настроена, муабетлива и експресна во работата. Завршив за неполни 40 минути. Не ми остана во памет името, најверојатно беше Маја, нешто такво ми се мота во глава, навистина не знам. Ако повторно не ја начекам мојата фризерка, би одела пак кај нив, ми се допадна услугата.
Сакам да ја осветлам косава, па препорачајтеми некое фризерско студио во скопје каде ќе ми е направат како што сакам
Devojki,sakam da mi predlozite koi frizerki saloni vo Skopje se onaka stvarno dobri deka sakam da se farbam ama ne sakam da mi napravat greska,znaci cenata ne mi e bitna samo me interesira kaj Dadar dali dobro rabotat ili vo Dior vo Avtokomanda? Fala odnapred,cekam odgovori
Ваљда е соодветно прашањево за темава: дали знаете некое фризерско студио или некој што знае да праи добри фризури со плетенки? Ќе ми треба за летово на свадба сум па секој предлог е добредојден ( и отприлика колку би коштало ако знаете).
Диор во Автокоманда,девојчето Лиде мислам дека се вика за две свадби бев таму и задоволна сум не беа некои којзнае какви фризури ама мислам дека е мајстор за плетенки.Цената не ми текнува
Може ли некој да ми препорача фризер во Скопје ,кој знае да убаво да ми ја осветли косата како на сликава.
Zdravo devojki Veke dolgo vreme razmisluvam za osvetluvanje na mojata kosa no nikako da dojdam do preporaka kaj nekoj frizer koj navistina e dobar?Poveke bi odela i na ovaa opcija pa ve molam ako znaete nekoj koj sto bi mozhel da napravi da ne zhalam podocna hahah napisete preporaki, fala mnoguuu ke mi bide od pomosh p.s zboruvam za nekoe frizersko studio vo Skopje
Одев долго време во Култ во Лептокарија и ептен сум задоволна ама пошто живеам во Ѓорче некако ми е отпатно па сега ќе почнам да идам кај Вики зашто и така и така ја пуштам косата па нема да имам проблем околу формата
Последниот пат бев кај една фризерка ме шишаше и на крај вика а сакаш ли да те исфенирам, и се гледам јас мокра во косата на човек не личам. Па викам секако мора да ме исушиш нема да одам мокра надвор и нели треба да видиме на крај што потшишале. Ужасни се и одвартни, нека ја направат цената како што мислат а не да ти каже 250 шишање 150 обликување, па кажи 400 денари дека е шишањето и среди го човек како што треба. Ова страшно ме иритира, направи си цена и сакам да платам и како човек да излезам од шишање а не да бегам накај дома за да не ме сретне некој, како на пример од Диор кога бегав, (мене два пати ме имат шишано, катастрофа).