Здраво, знаете ли некој флизерски салон во струмица кои земаат пристојни цени за фризура, скоро се преселив овде и сеуште немам искуство со ниедно студио Доколку знаете некое ве молам за името и цената колку е
Ако може некој да ми препорача фризерско студио во Аеродром? Ми треба за фризура за свадба и по можност со пристојна цена.
Девојки кажете некое фризерско студио што работи во недела.... Или во Аеродром или некаде околу Универзална .
Здраво, ми треба некој нормален фризер што би ми ги скратил искушените врвови на косава низ Скопјево, по нормална цена (150-200 денари) . Инаку косата ми е виткана и долга, ама формата ми е рамна и нема некоја голема филозофија при шишање освен добро чешлање и порамнување.
Мислам дека конечно си најдов добра фризерка, пу пу да не се урочам. Ја пробав за шишање, исто и мајка ми, и многу добро шиша густи и нескротливи тешки коси. Фризура исто правев, ми издржа цееееел ден, дури жал ми беше да ја растурам. Шишање и е 200, со миење, а фризурите 400-500 зависи дали е собрана или пуштена. Се наоѓа во ТЦ Бисер во Аеродром, најдолу на приземје, Лилија Сикрет.
Ќе може да ми кажеш каде точно се наоѓа во Бисер И ако може да ми дадеш бројче во ЛП ... Ми треба за во недела, ако работи ....
Работи во недела, ќе ја постирам тука фб страната. Инаку, се наоѓа по скаличките доле, во првото тунелче, ако одиш од кај банката е на крај, а ако се симнуваш од другата страна, т.е по другите скали е прво. Спојлер: ФБ страна https://www.facebook.com/salonzaubavinalilijasecret?fref=ts
@Elence93 и @nadelinka исто така во Бисер ама горе на 2ри има едно девојче многу убаво работи, нема утки Hair Vip Studio се вика студиото https://www.facebook.com/pages/Hair-Vip-Studio-2/806566899405618?fref=ts еве и линк
девојки ми треба ваш совет... имам долга коса, која во моментов ја фарбам црна (иако ставам 400 од Лореал Кастингот, која е темно кафеава, мене сепак ми е ептен црна) и ептен сакам да ја сменам бојата, да стигнам до кафеава некоја медова нијанса. знам дека тоа не е возможно барем не одеднаш. сакам да одам кај некој добар фризер во скопје, кој се разбира од работата, бидејќи свесна сум дека ќе треба да се деколоризира косата, да се отстрани целосно сегашната боја па после тоа да се фарба. знам дека косата се оштетува на тој начин, меѓутоа имам цврсто влакно и поприлично многу ми е порасната косата, па така што можам да си дозволам да ја скратам и повеќе од 5цм. Може некоја ваша препорака за добар фризер кој што нема да ми ја изгори косата, и нема да ми направи шаренила во косата. размислувам за кај арменд, па доколку има некоја од вас искуство со него може да сподели.
@Elence93 400 денари. Фенирањето и е екстра, мене ми држи цела недела, предобро работи девојкава вреди да се проба