Еве на претходната страна има пишано. Јас лично не сум била, ама има една девојка што нон стоп ја манијачам на инста косата и е прекрасна, и случајно открив дека оди баш во студиово и имаше искометирано на слика фризерот или па газдата не сум сигурна, и така дознав. Косата нон стоп ја фарба ја витка таму а каква и е здрава се чудам како така
Баш сега пишував со девојчето таму што работи, ама ми вика од 2000-2500 денари. Многу ми се виде некако бе
И после зошто избегнувам фризерски салони.. Еве зошто. Зошто секој втор станал фризер и зошто секој трет е полн со страшна некултура. Каде не ги бидува за ништо, па уште наплаќаат една минимална плата за обично фарбање, уште и се однесуваат толку лошо и некултурно со потенцијални клиенти. http://forum.femina.mk/threads/Смешни-слики.305/page-331 Сликава нормално не е моја, постирана е на форумов и затоа вака ја споделив.
Здраво девојки нова сум на форумов,дали можете да ми препорачате добро фризерско студио во Кавадарци? Сакам да направам балајаџ нијансирање и се двоимев помеѓу двајца фризери во кавадарци едниот веќе работи 10 години(џет сет)но е многу скап и искрено одат само возрасни жени,а другиот е прилично ефтин но работи само 1 година или така нешто и нијсирањето му е околу 1700-2000 денари се вика Александар Миндев (росано ферети) има некој искуство со нив?
Здраво девојки сакам да го споделам моето искуство со Студио Финисимо Случајно на поминување го забележав и влегов Студио Финисимо на Партизанска - Симпо карши Неуромедика односно до Тринити. Ново отворено е пред некој месец, дека живеам во близина сега го забележав... Од услугата и од квалитетот на изработка сум ептен презадоволна ме погодија баш како што сакам, а да и цените им се приступачни и не се набилдани за разлика од другите фризерски салони во овој дел на градот кај кој во поголемиот дел сум била... Во разговор со девојките што работат разбрав дека имаат 10тина години искуство со фризерајот и си ја знаат работата на што се должи квалитетот во изработеното... Јас сум презадоволна
Правела ли некоја од вас балајаж во некое студио во Скопје да ни даде препорака? Дали знаете некој што добро го прави?
Девојќи да ве прашам дали некој знае ЏОРЏ дечкото што шишаше кај Дадар каде работи сега,ми рекоа дека веке не работи таму.Или ако има број некој од него.Сега работела некоја Весна таму,и некој од вас ако има искуство со нејзе ако може да споделите. Фала однапред
Девојки да споделам искуство за во Кавадарци,правев балајаж во Styling Studio Rosanno Feretti кај Александар Миндев и дечкото е вистински професионалец,вредеше за сите пари.Сега за викенди ќе си доаѓам почесто во Кавадарци да ме средува за преку работната недела
Ова е евтино...мене ми бараат 3500 за да ми напраат омбре на боб фризура, а замислете да ми е долга...дај стварно препорачајте некој фризер во Скппје, асален за нормална цифра...изгорена сум после 2 неуспешни омбре обиди
Повеќе ви се исплаќа да отидете до внатрешноста на македонија пример кавадарци,да завршите работа на фризер и да се вратите во скопје.
За балајаж до некаде цените околу и над 1000 да речеме им се нормални за ова врста на нијансирање зашто користат 3-4 нијанси на фарби (а едно фарбање на фризер со нивна фарба е околу 400 денари, зависи од местото) и барем мене ми ги наплатија според бројот на фолиите. Сепак зависи и од должина и од тоа колку нијанси користи. А тие што се како повеќе "познати" стварно знаат да си набијат цени.
Здраво ај некое искуство за студио Авангард спроти Рамстор во центар.дали имате искуство и колку би коштало шатирање .
Некоја има искуство со Hairmony во Аеродром? Сакам да се шишам кратко, па важно ми е дали сте задоволни и која е цената.