@Veki4kaa Се изненадив од твоето негативно мислење за фризерките во градот и секако антирекламата на форум Секако дека има добри кои си ја знаат работата, како и во секој друг град. Очигледно дека има некое недоразбирање. Можеби ти не објаснуваш како што треба или таа не разбира што бараш. Единствената фризерка која со години се грижи за мојата коса е фризерка која има салон во тој град и патувам од друг град, бидејќи не живеам таму од причина што сум скептична дека ќе најдам друга со која ќе имам одлична комуникација. Но, не велам дека нема други кои си ја знаат работата како неа.
Погрозно од самоука фризерка која патем знае се што треба и не треба чинам нема. Ужас ми се таквите, за утки во шишање или фарбања обавезно напнува како ти е прекрасна косата иако личиш како да во секој момент ластовички ќе ти полетаат од главата. Па и она душманско фенирање -врв. Излегуваш бетер од тоа кога си влегла. После со месеци си на домашно лекување на косата и додека се опоравила мора пак да идеш да стрижиш два сантима, или две педи по фризерски сантиметри. Не ги сакам фризерите општо, ретко има некои професионални ама и тие забегаа, што со цени што со памет.
Искуство за омбре фарбање во Сандра Ексклузив? Гледаам имаат многу ефтина понуда, па малку ми е сомнително.
Јас личлно не сум била ама другарки биле, пре пре нај задоволни, професионалци и за шминка и за фризури ...
Девојки ќе може да ми препорачате фризеерско студио , па може и комбинација со шминка во Охрид?!? и секако да не е премногу скап.
Девојки искуство со студио Диор во Скопје во центар за фарбање, омбре конкретно? Јас сум била неколку пати за шишање и сум задоволна, но за омбре многу ми е страв поради тоа што многу често се случува да им направат утки и да ги унаказат девојкиве ради тоа што викаат дека знаат да фарбаат омбре, а всушност не знаат.