Девојки, ПЕРФЕКТ во капиштец имаат многу ефтина понуда на групер за омбре, бајалаж ...итн има ли некоја била каква информација како се работи таму, дали ги бива?
250 денари е шишање и плус миење на косата. Ама зависи која фризерка ќе ти се погоди. Мене ме унаказија пред месец и ме ишиша фризерката по нејзина желба, па оди сега оправи ја. На мојата желба да добијам кратка и рамна коса со шишки, добив некоја модификација на боб без шишки. Ниту на моето инсистрање на крај да направи шишки, не ги направи. Типката си шишала, си шишала отпозади, па напред малце да попуштела, за нели поштосно да е. Е искрено штосно ми беше на крај кога се видов. Тоа на се` личи, само не на боб. Нејсе. А, баш слушав позитивни критики за Диор - Центар, ама друг пат и името на фризерката кажете го, бидејќи 50 вработени се.
Може да споделиш кај која фризерка беше? Јас од мојава не зум задоволна како ме шиша а плаќам 350. Се супер ќе направи и на крај ќе фати со тие за ретчење и ќе бидам ужас. И кратки и подолги влакна.. А знам за Диор дека е фалено место, имам број па викам зошто да не.
Препорака за добар фризер во Скопје за виткана коса, имам тенко влакно и ситно лице,многу ретко некој да ми погоди фризура ??? А нема да е на одмет и некој предлог
https://www.instagram.com/kiprijanov_stance/ јас тука редовно се шишам цените му се пристапни а предобар е еве оставив линк има некој слики на инстаграм од фризурите што ги прави ,минатата недела бев на свадба ми направи фризура за 500 денари испадна баш како што сакав и плус не ми ни мрдна косата цела вечер.
Дечки а добар фризер за фарбање , да ми погоди нијанса ? Ги разгледував вип и 501 студио , има некој искуство ?
Во вип не ти препорачувам да одиш. Имаше некоја пиша дека ја изгореле со тоа олаплексот плус до клиникат отишла работата. Да биде полошо тоа било една недела пред нејзината свадба.
Вака сакам да направам омбре имам црна коса и сакам надоле да биде бордо црвена. Косата ми е ептен долга. Можете да ми препорачате некој салон каде што прават омбре со нормални цени затоа што мене ми рекоа 2500 во еден фризерски салон што мене реално ми се виде многу. Конкретно за ваква боја станува збор
Дали мислите дека на фризер можам да добијам ваква боја? Но да биде подолготрајна во смисла на тоа да не е само преливот сив и после неколку миења да бидам плава.
За нијансирање бев кај Дарко во Дарон ново лисиче и топло ви го препорачувам. Мојава коса ја сведе на ниво да сите ја фалат мојата промена. За фризури со години правев кај Мики Екслузив во Аеродром и нема утка. Најлошо искуство во Арт студио Еститика Чаир (ми ја изгореа косата и дури бев таму во 3те сати зборуваа само албански , и нималце не се замараа дали ми треба нешто и до кај е бланширањето ), и Адо Хаир До. И во двата салони немаат однос кон клиенти и се понашаат како да си таму за нивни пари. Адо ме розочара со однос , бидејки друг те мие , друг те фенира , а тој ме шишаше само 3-4 минутки , и на крај не ни провери после фенирање дали е ок. Најлошото е што го прашав за совет , дали да се фарбам на истата боја или да мењам , и типот ми даде некој арогантен одговор како да не му е гајле. Иначе 800 денари му е шишање. Факинннг 800 денари за однос ко недораснато детиште. А салонот му е лудница...ама џаба.
Јас од мојот 10ти роденден се шишам во Коса, во Ново Лисиче, а уште малце 20 ке полнам Секогаш ми се свиѓа како ме шиша и не сакам кај други да идам, а и она и маж и се многу фини и не би ги мењала