Ако закажам за шишање во Студио Ин колкава е веројатноста Бубе да ме шиша, или треба да потенцирам при закажување?
Лично тој да те шиша е 550ден (се надевам нема промена, кај него не сум била една година), но е махер за кратки и луди фризури.
Здраво девојки, ќе може ли да ми препорачате добар фризер за шишање. Последен пат се шишав во студио Етјена и катастрофа испаднав :/
И јас последен пат се шишав овде, ме шишаше една плава девојка. Не испаднав толку лошо, но дали од начинот на шишање, косата после тоа ми е расцветана повеќе од пред шишањето. И јас барам добар фризер за шишање во Аеродром.
Девојки сакам да го пофалам девојчето што ме шишаше денес во студио Диор Центар Ирена мислам дека се вика топло ви ја препорачувам. P.S Кате не работи во центар туку во Автокоманда.
Многу е убава косата. И мене ме интересира за некој добар фризер/ка кој знае вака убаво да ја направи.
на говорко треба да му ги земат ножиците и никогаш да нема повеќе пристап до истите. пред 10 год бев кај него ме истрижи како овца, со степени што почнуваа од над уши, а јас сакав од рамења. он рече дека разбрал што сум сакала. истиот ден бев пак на фризер да ми ја скрати косата за да нема толку голема разлика во степените. пред една година бев пак кај него. на фб видов дека била во загреб, работел таму. јас сум прилично запознаена со таа сцена и претпоставував дека научил нешто и повторно дозволив да ме исчупа само овој пат степенот беше понизок. каква грешка точно една година ми требаше за да порасне косата и да може повторно да и се даде облик. инаку на времето одев кај мио, кога мио беше нормален. тежок е за соработка. мене ми ја погоди тогаш фризурата без многу да му објаснувам и бев неколку години среќна и задоволна. еднаш решив да сменам фризура и убаво ме ишиша само не беше тоа што јас го сакав. не сакам премногу време да трошам на фризура и после секое миење да ја пеглам, а таа фризура што ми ја направи го бараше токму тоа. на соработката и дојде крај кога мио за 1200 дена шишање и пеглање реши дека после миењето да не употребува повеќе регенатор туку НЕГА односно маска за коса која што чинеше дополнителни 250 ден. и јас се налутив и престанав да одам повеќе кај него со години. не знам што ми текна пред еден месец му отидов, не ме ишиша лошо ама не е како порано. некако нервозно работи. го има продадено салонот на едни две кокошки што се ги интересира за тебе ко први другарки да сме. и ме испеглаа без да ме исфенираат и не ми траеше фризурата ниту еден ден не би отшла повеќе кај него иако и приватно го знам. штета... после случката со негата кај мио почнав да одам во авангард, кај робертино и ристе. робертино на почеток ок ме шишаше, но никогаш не ја погоди фризурата како мио. ристе ме исфенира првиот пат и тоа беше најдоброто фенирање во мојот живот. е како и се што се менува исто така и они се сменија. сите останати пати не ми посветија доволно време и внимание. ме шишаа многу брзо и со дупки во степените, некако немаше никаква поврзаност помеѓу прамените. и решив повеќе да не одам кај нив. дури не бев едниствена, туку и мои другарки престанаа да се шишаат кај нив. имам слушнато дека панаж биле добри само не знам дали се арогантни или не зошто немам повеќе нерви да се расправам со такви фризери. би сакала исто така кај сергеј да одам па доколку има некој искуство со него го замолувам да го сподели. однапред благодарам п.с на робертино му кажав дека сакам да ми ја навитка косата како на сликата и ми рече дека воопшто не била убава косата и он не сакал такви фризури да прави ако треба да одиш кај фризер што знаеш повеќе од него што е убаво или не е тогаш боље не оди...
Топло ви го препорачувам Диме од студио Рефреш-Бутел.Човекот е приказна за себе професионалец како шиша секој прамен е еднаков за степен,прекрасно шминка имам само пофални зборови,и не е намуртен многу е добар @Cosmo-Girl