Не е во Кисела вода, ама и Центар ти е близу... студио Диор, девојките се супер и шишање кошта 250 денари. За Кисела вода не знам, нека кажат други феминки.
Фарбање со една фарба Ревлон 550,шатирањето зависи колку прамени сакаш и колкава коса ама мислам под 1 500 нема шанси да е
Дарон е ептен на име за правење балајаж, но мене ми е скап, јас планирам во Вип-Бисер. Ни таму не е евтино баш ама ги гледам сликите на фејсбук и се воодушевувам од нивната работа.
@ZAHRA @Cosmo-Girl Јас морам да кажам за Диме дека бев еднаш или два пати да се шишам кај него како помала, и другарка ми порано одеше, и двете не направи катастрофа. Буквално ќе почнев да плачам пред огледало кога се видов. Мислам дека премногу ми ја скрати косата и криво-лево некако ме ишиша. Кај фризер неколку цм кога ќе речеш да ти скратат, кај нив во превод тоа е 20цм. Инаку, јас се шишам во Ултра Лук карши Универзална, таму и се чупам, убаво шиша жената стварно, ама цело време ја накачува цената. Прво беше 300, па 400, сега 500 направила. Ми нудеше и гел/восок за косата да си купам од 600 денари демек една година ќе ми траел, секако не купив.
Може не викам не секој не може да биде задоволен,но сега сигурно знае да шиша.Може било на почеток на негова кариера.Јас сум задоволна и сестрами секогаш се шиша степенасто никогаш не ја утнал,била и кај други не била задоволна.За шминкање е исто така добар работи со квалитетна шминка и вреди за секоја пара дадена.
Јас зборам за одамна средно кога бев,7 години има може и повеќе сега може за научил за шиша.И за матура ме шминкаше,не беше лоша шминката сум видела и полошо само што пудрата три пати потемна од тенот мој и на крај ми вика морав така за да ги покријам акните,ама ај сигурно немал посветла.
„Бугарот“ Иво што работеше кај Бубе Ин, сега си отвори свое студио карши Зелен Пзар. Срцка е дечкото и прекрасно шиша https://www.facebook.com/HairshopMacedonia/ И Бојан исто што работеше во Бубе Ин е многу добар, и тој слушнав дека си отворил свое студио, но не е баш пријатен дечкото.
Дадар имат понуда преку групер за 1600 за тајгер лук, коментари-совети дали да пробам,а ја немам нит фарбано нит со прамени нијансирано 10години,природна ми е бојата на коса?
Предложете некој проверен фирзерски салон во околината на К3, Лептокарија? Ми треба само за итно шишање врвови, додека мојата фризерка е недостапна.
Беше 500 кога работеше кај Бубе, сега не знам колку е, али не би требало поскапо да е. Ќе се јавам ја наредна недели и ќе ти пишам