Некоја фризерка или студио каде прават фризури во Скопје, но да не е скапо? Може да е некоја и дома што работи или оди по куќи
Ми треба препорака за фризерско студио во Скопје кое знае убаво да шиша краток боб. Ако има некоја задоволна девојка нека пише.
За охриѓанките прашање. Се закажав во Елит Мари за шминка и фризура. Баш на сликите не можам да ја видам шминката. Какво е вашето искуство или на некој ваш близок? И кај се наоѓа точно ? Подетално ако може бидејќи сум од бт. Фала
Ајде и јас да прашам за SOCIAL HAIR SALON?!? На сликите на фб ми делува дека добро работат ама конкретно ме интересира какви се за шминка и фризура?
Прекрасен материјал имаат, повеќепати се имам шминкано таму, презадоволна сум, една роднина и за матурата таму се шминкаше и фризура правеше мислам искрено задоволна сум!
Некој искуство со шминка и фризура во салоните Mirror (позади универзална) и Fashion and vision? Не можам ниту на фб да ги најдам, да погледнам слики
И јас сум презадоволна. Девојките беа супер. Разумна цена. Шминката и фризурата цел ден останаа исти.