Ми треба помош фризерски салон во Скопје кој отвара порано во сабота околу 8 ама и да прави модерни фризури за свадба вака отприлика нешто сакам фала ви
Bev vo Dior Centar se sisav mnogu dobra profesionalna usluga topla preporaka od srce Devojkata mnogu dobra vesta mila Mnogu dobro ubavo me isisa profesionalnost odlicni se cena pristojna Najdobri vo Skopje
Јас да ги пофалам во Hair shop. Навреме почнавме воопшто не чекав, работи брзо педантно, а крајниот резултат е топ! Искрено јас бев скептична појдов онака, а испаднав многу подобро него што замислував се изненадув дури колку сум била убава Може и на фејс да ги видите имаат фан страна. Препорачувам
Дoбaр фризер вo Ѓoрче?(или oкoлинa влaе, кaрпoш) Еднa другaкa ми јa фaлеше некoјa Вики кaрши пoлицијaтa. Дaли некoј бил кaј нејзе?
И јас сум презадоволна од Hair Shop, а слушнав за нив баш на темава. Бугаринот е срцка Брз, професионален, ама и ценичка си држи - шишање 500, фарбање 700, обликување што обично е во цената за шишање башка си се доплаќа. Ама како ме ишиша, нова димензија ми даде на косава, особено го препорачувам за виткани коси. Па и муабетче си разврзавме, ме изнаслика, ме додаде на Фејсбук, сега дури и си се лајкаме Сепак во иднина би одела кај него само за шишање, за други екскурзии ми е троа скапичок
Дали може да ми препорачате добро студио, некаде низ Центар, што добро ќе знае шиша? Не барам комплицирана фризура, туку само ќе ја кратам, ама сакам убаво да ми исшишаат Вака планирам, нешто наједоставно, израмнето и кратко, само би сакала попрофесионално да го средат тоа, од лошо претходно искуство трауми Благодарам на одговорите
Со или без фенирање е оваа цена? Мислам дека миење, шишање и обликување им беше 350, последно се шишав таму пред година дена можеби.
@Mishela јас бев пред некој ден. Цената 250 денари си е за миење + регенератор, шишање и сушење со фен и четка. Ама мене и тоа најобично сушење ми ја држи косата спастрена дур да ја измијам (2-3 дена). Под обликување сфаќаат нешто друго, а сепак не е фенирање Малку збунка, знам. Инаку јас одам кај Сања, девојчето е супер, брзо, фино, пријатно, објаснува со трпение што и да сакаш и тн. И башка со мерак си ја работи работата и се гледа. Сум била и кај Лиле и она фино ме средила, ама сепак кога имам избор одам кај Сања. Инаку за салонот во центар зборувам.
Јас последно се шишав во салон Спа (мислам дека така беше ) во К2 и за миење, шишање и фенирање платив 350 денари. Ама фенирањето беше фенирање на ниво, прв пат во животот косата ми стоеше свежа цели 4 дена. Ќе стоеше и уште, ама ја измив од шубе. При миењето ми стави маска и некој серум и ме шишаше со машинка, ко на видеата од Инстаграм, на веќе исфенирана коса. Немам зборови за третманот навистина, девојчето е бонбона и многу е фина и услужлива. Не знам како шиша на степен и некои такви фризури, ама за рамна коса и терсене шишки ко моите е врв. Не знам дали е до начинот на шишање, ама косата престана да ми се витка нанадвор кај врвовите и немам потреба да ја обликувам со четка и фен. Деновиве ќе правам локни, другарка ми правеше за апсолвентска во истиот салон и навистина ми се допадна.
Ви благодарам девојки за одговорите, а каде точно се наоѓа студио Диор во центар? @Mishela @Giovanna @resenska