Ми одговара локацијата баш размислував за таму ама никако да се решам сакав мислење... фала ти се надевам нема да погрешам
Се надевам и јас ќе ти се допаѓа како ке те среди, јас сум задоволна. Се шишам на три степени, до сега немам замерки.
Препорачајте ми го најдобриот фризер за шишање долга коса и фризер што прави најубави шишки. За Скопје прашувам. Фала ви
Има ли некоја што и ставале надградба па после да се врати? На свадба сум и сакам пуштена фризура и долга да ми биде.
Косата ми е мн расцветана ми треба предлог за добро фризерско студио во Скопје? И дали да се шишам степенасто или пократко?
Те молам кажи ми кај која од фризерките се шишаш? Јас двапати се шишав таму и двапати ми ја "унаказија" и така ретката коса со тие ножичките за ретчење. Изгледа ни едно шишање не им поминува без нив, некако на брзина ми работат колку само да те поминат...или пак јас ја немам погодено вистинската од девојките што работат
Александра, јас имам ретка коса и кога ќе ме прашаше јас кажував дека не сакам ретчење. Но веќе сум таму со години кај неа и ме шиша одлично, секогаш исто не ме погрешила.
здраво,дали може да ми препорачате некое девојче што прави фризури (не сакам нешто посебно,но сама неможам да си ја направам бидејќи долга ми е косата ) и некое што шминка,но да не се многу скапи цените,и да е во центар ,или да доаѓа дома,бидејќи ќе бидам во центар,а не сум од ск и незнам баш да се снајдам многу низ градот