Имам расцветани врвови и сакам да ја скратам косата, ќе видам дали степенасто или пократко. Дајте ми некој добар фризер што може добро да ми ја скрати косата. Мислење за Диор и Hair Vip Studio???
Satiranje bojadisuvanje farbanje sto i da e mislam deka nema podobri od estetika otvorete na instagram uverete se sami iako jas mojot balayage go pravev na drugo mesto (poevtino) ubavo mi e napraveno se raboti za studio Arta sepak bez konkurencija estetika se najdobri za toa.
Предлог фризерско во околинава на Аеродром? Сакам да правам bayalage ама имам темно кафеава со тук таму бели влакна, природна до пола израсната, другава половина доле црно фарбана. Не знам колку време ќе одземе целиот третман, а сакам да дојдам со мало бебче. Ќе треба да го дојам така да би сакала ако може исклучиво жени да се моткаат таму Немам друга опција освен доење на лице место А и се прашувам дали воопшто на мојава коса ќе успее и ќе изгледа ок Црна се фарбам кога мијам пак на црвеникаво ми тече. Све живо од фарби на црвено ми мава
Мислам дека не ти е добра идеја, од неколку причини. Прво, фризерски салон не е место за мало бебе. Ќе се задржиш минимум 2- 2 ипол часа, а бебето за тоа време ќе биде изложено на испарување на фарби, бланшови, лакови и секакви хемикалии. Друго, штом ти се краевите црни, ќе треба некој со навистина големи способности за да ти го направи балајажот, а и не сум сигурна како ќе ти изгледа потоа косата со паѓањето на фарбата при миење. И велиш, црвен пигмент имаш, па во комбинација со бланш на црна фарбана коса може да добиеш изразито портокалови тонови.
Јас правев балајаж и многу сум задоволна од Дарон во Н. Лисиче, не користи класичен бланш туку олаплекс кој не ја гори косата. Тоа што тече црвеникаво не ли е од фарбата? Нема логика да е од твојата коса. Инаку исто како што ти кажа @Avery не ти е паметно да го носиш бебето, во секој салон мириса на хемикалии и амонијак, а ќе се задржиш сигурно 3-4 па и 5 саати можеби.
@DaenerysT Јас 5 часа правев balayage со мало бебе. Го чуваше свекрва ми. Не седеше цело време во салонот го шеташе надвор. А додека ми стоеја прамените јас го држев. Беба си помина прекрасно. Но додека се прска лак мириса на фарба бебе треба да е надвор а вратата постојано отворена. И бебе да не се плаши од фен. Значи најдобро е салонот да има игротека, мол, слаткара...
Женски ми треба препорака од некој фризер или некоја фризерка тука, што знае да ми стави надградба, значи косата да си е моја си ја имам дома, ми треба само некој да ми ја стави.
Кажете некој салон во Карпош 2, 3 или до Дебар Маало за шишање за постари женички. Значи ништо комплицирано ама да не е скапо... За пензионерка се работи
Не е Дебар Маало, ама е Центар. Диор, Центар .Моја блиска личност, е пензионерка и задоволна е од девојките таму. Има и поблиску салони, ама сепак кај нив оди. Шишање е 250 ден.