А да не знаеш ти, или некој каде во ск ова услуга ќе ме чини нешто помалку од 500 денари? Ако баш морам толку да давам, океј, ама можеби знае некој каде има поевтино. Значи се работи за деколоризација и после фарбање, тоа.
Не знам искрено,јас се дома правам,зошто не се офарбаш дома кога веќе си го купила деколорантот?Па после ако ти е негде потемна негде посветла отиди на фризер и ќе те офарба убаво со негови фарби ќе ит фати сегде еднакво?зошто да ти наплатат деколоризација кога не е повеќе од само нанесување на деколорантот,исто како фарбање?ако сакаш за отпосле можам да ти препорачам фризер кој ќе те офарба супер,со убави фарби
ДИВАС се вика салонот,јас кај Ирена одам мноооогу долго,10 години скоро,ме порасна што се вика ќе отидам ваму -таму во некој друг салон,ама некако пак си се враќам кај неа.Супер работи,за шишање е супер-ќе исече колку што ќе и кажеш ни повееќе ни помалку.И за шатираше одам редовно кај неа,убаво ги вади прамените,става прелив и све тоа... Има искуство многу,работеше кај Бубе и кај Дадар,сега си отвори свој салон.А и не е рекла-казала,работи со доста познати личности (ја прави Иванна од ексклузив),за никој збор не кажала,ни да ја молиш за некој трач Така да нема да згрешиш ако одиш,или можеби си била веќе,а за деколоризација незнам,не сум правела никогаш.поздрав
Јас еднаш бев и не сум задоволна, не ме шишаше Сергеј туку една вработена , без врска некако дури ми вика кога ти е миена косата и викам вчера и вика епа се гледа чиста ти е ај да не ти ја мијам, и не ме ни изми
За шишање зема 400,а за шатирање ми зема околу 1500 во 2 бои со фолија.Фолија мислам дека е 70 или 100 денари,ама па не знам ни дали ги брои, секогаш таа цена ми зема отприлика.Барем знам дека работи со Ревлон,квалитетни и се боите и бланшот.За фенирање мислам дека е 300 што не е баш ефтино,ама за некогаш ете ако ми треба косата ми стои цела недела фенирана(права).Тука кај мене во маало фенираат со миење 100 денари ама цела глава првут ми се направи од некој пазарски шампон,па затоа си носам мој. Има и девојка за шминкање кај Ирена,а и прават доста невести,во екипа се за снимања постојано и така...
Златушко, Јас имам искуство со Сергеј, повеќе од 7години се шишам кај него. Моето искуство со него како фризер е прекрасно. Првиот пат кога отидов ме праша од каде сум нашла телефонски број од него, тогаш не примаше баш секого....Од прв до последен пат тој ме шишал, никогаш не се случило некоја од асистентките негови да ме шиша. За фенирање ме фенирале други ако тој немал време ама за шишање никогаш, па не одиме кај Сергеј за друг некој да не шиша , нели?!
И јас долго време неможев да си најдам добар фризер сменив неколку но најмногу се раззочарав од Кат&Кат како пудлица ме направи и од Јуник (не ги погодив девојките изглеа),слуцајно другарка ми кажа дека оди во рамстор и дека е задоволна решив да пробам и еве 4 години ги немам сменето иако многу фризери се сменија од сите бев задоволна .Шишање и обликување е 600 ден ,со фенирање 1000ден ,само фенирање 500 шатирањето од 2500-6000 ден маска 500ден.Но до сега не сум посакала да го убијам после шишање И ми се допаѓа што работат секој ден од 10-10ч и секогаш има место
Јас си одам во Студио Соник кај Универзална и сум си најпрезадоволна, нема утка, девојката има златни раце
фризерката е супер...да Ирена се вика порано работеше кај дадар јас од таму ја запознав и одев кај неа се додека беше кај дадар и еднаш закажувам и ми викаат не работи тука леле ке пукнев и замислете срека ја срекавам у град и така ми казжа што каде и таму си идам до ден денес
За во Струмица јас понекогаш одам во студиото кај Јагода кое се вика Селектив..го знаете вие струмичанки помеѓу малиот бутик Пар и Аптеката Снежана Фарм...и за шишање ми зима 200 денари за долга коса а за кратка 150 ако не се лажам..поздрав
имам роднини во струмица и еднаш таму се сисав кај некоја Маре и била фризерка на сузана гавазова леле ..мнооогу бев задоволна ептен , само што ретко идам па .... ама и Иренка е супер
уф толку ја знам Струмица ..ама мислам дека се вика имиџ салонот се наогааааа....уф незнам како да објаснам ама мислам дека е позади старата автобуска така некако
Aaa имиџ..па така кажи бе душо..секако дека ја знам фризерката сум била и кај неа..тогаш сакав да си пуштам рамни шишки и ајде отидов кај неа и бев прилично задоволна...
Веќе подолго време во скопјево му нема рамен на Игор Говорко, значи нема флизура што неможе да ти ја погоди а особено цените му се на место колку што сум упознаен, за таа услуга јас би платил искрено и повеќе
абе има некој одено во диор? ги глеам водителките ос самер клаб и сите ми се со такви преубави коси посебно мелита и самите кажаа као за нив се погрижиле диор али има доста што се жалеа од нив, ваше мислење?
Нешто у последно време ми го фалат луѓево студио Мио! не знам точно каде се наоѓа,ама велат одличен бил..знам дека цените му биле соленки малце па ме занима бил ли некој да се пофали дали е задоволен?