Девојки дали може дами препорачате некое студиов за фарбање балајаж. Сум била во Hair vip studio 2, hair shop, hair house, а сега сакав во hairdo. Дали имате искуство со нив, или можеби некој друг да ми препорачате? Косата сакам да ми е бело-сива, а на крај секогаш испаѓам плава( жолта).
Јас сум редовна кај Столе и презадоволна сум,и за балајаж и за шишање(единствениот фризер што не ми ја скратил косата повеќе од што сум му кажала)
Бев, ама не сум презадоволна портокалова сум. Што е најстрашно дел светкаат многу лошо како вештачка коса/ перика не знам од каде дојде ова светење и дали имате совет како да го ублажам?
Столе го има изгубено осетот за фризура при шишање, фенирање, шатирање и фарбање, во превод речено дааалеку послабо работи од почетокот кога го отвори салонот на млечен. На ова би додала дека има исклучително тенденциозен, ограничувачки и прост пристап кон клиентите, посебно кон оние редовните. Затоа лично јас и неколку кои бевме редовни, после толку години, и екстра шанси за романси, сепак на крајот престанавме да одиме кај него. Мое мислење. Препорака за физер кој добро фенира, и чие фенирање ќе издржи во летно време, а да не е 1000 денари, и по можност Центар-Аеродром?
Hair house Se soglasuvam jas odev kaj nego 5 godini i naednas kvalitet nema odnos nikakov a ceni do plafon, ne ni znam dali uste raboti i kade
Дечки дали може да ми препорачате некој што фарба црвена коса убаво? Ја фарбам веќе две години, значи не барам некоја посебна техника, него барам да ја погодат нијансата што ја сакам, зашто фризерката кај што одев до сега, ми ја промашува во последно време ... за Скопје прашувам