Мене ми се свиѓаше како ме направија во Перфект, Капиштец. Ама немој да ја шишаш таму. Мене една жена ме правеше омбре, друга ме шишаше. Со купон бев, 750 денари ме фати.
Ќе те молам ако можеш да споделиш нивна фб страна да видам отприлика како работат. Сакам балајаж да и правам на косата а да не ми биде изгор скапо па разгледувам опции.
Не им ја знам фб страницата, на групер ги најдов и на тепка појдов. Не знам како се вика девојчето, ама две работат таму. Постарата жена шиша, другото помалдо девојче шатира.
Како сте задоволни од hairhouse? Цените се поскапи, но имам лошо искуство од минатата година со бланширање кај непрофесионален фризер, па сакам во hairhouse балајаж се надевам нема да се оштети..
Девојки да споделам убаво искуство од фризерско студио Insight во Капиштец.Фризерот се вика Зоран и стварно го бива.
Мислење за фризерско студио Lisca? Како се вика во Ѓорче до тинексот таа фризерката? И бројче дали има некој или фб страна
Каде убаво прават техника со бајалаж, ама да не е над 2000 и нешто, во HairHouse е од 3 до 5000, не давам толку пари за бајалаж.
Балејаж тешко дека ќе најдеш за евтини пари а да не изгледа ко корен да растеш. Едино некои од салониве ако имаат купон.