Нема шанси да најдеш под 2000 освен ептен некој ако има 50÷ попуст,таа техника бара време јас 4 ипол саати бев на фризер за балајаж така да..секој си го цени трудот.
Hair Vip Studio 2, не ви го препорачувам на никој!! Вчера бев да се шишам, сто пати и реков на девојчето како сакам да ме ишиша(средна дужина), оваа земала ме ишиша кратко како тенџере ме направи у главата!!!!!!!! ДЕВОЈЧЕ НИКОЈ НЕ ТИ КАЖА ТАКА ДА МЕ ИШИШАШ, МИ ЈА УПРОПАСТИ ЦЕЛА КОСА И СЕА ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАМ ЈАС? Кратки коси значи МРАЗАМ, неможам да се замислам со кратка коса и што ја осеќам на мене кратка ме иритира ми се дига притисокот и плус ќе ми треба неколку месеци да ми порасне! НАРЕДЕН ПАТ КОГА ЌЕ ТРЕБА ДА ЈА ШИШАМ КОСАТА САМА ЌЕ ЗЕМАМ ДА ЈА ШИШАМ, МАКАР И ДА ЈА УПРОПАСТАМ ДА НЕ МИ БИДЕ КРИВО ДЕКА САМА СУМ ЈА УПРОПАСТИЛА! *Се утепав од плачење цел ден денеска за косата Help!!
Не се лоши Соник, со години го имаат студиото. Не сум била 2 години и не знам кој е сега тимот,ама знам дека Соња Соник е супер жена и си ја знае работата.
Леле работи студиово? Преубаво нијанисира девојката, ама мислам дека беше отидена надвор од државава? Каде точно беше ти, да знам дали збориме за исто. https://instagram.com/hairvipstudio2?utm_source=ig_profile_share&igshid=1ojdfcwm6ih22
Кое би сте ми го препорачале - Влатко Инстајл или Дарон? Или друго студио во аеродром или ново лисиче.... Инаку ми треба за промена. Не знам што со косава па некој да ме насочи и да даде предлог...
Кај Влатко одев со години,ептен добро си работи дечкото,има пристапни цени и слободно советувај се со него каква промена би можела да направиш
Благодарам. И јас ја најдов оваа, ама бидејќи нема слики мислев друга да нема. Сакам да видам како нијансира
Дали некој има искуство со фарбање и шишање во студио акт? Гледам на фб дека е и некој центар за едукации ама нешто слики слабо.
Во cut&cut бев минатата недела ме шишаше маја задоволна сум се супер само мислам дека е скапо... шишање 600 и фенирање после тоа зошто 400... значи 1000 ден
Не верувам дека станува збор за Фатима што работеше во т.ц. Бисер. Девојката е надвор од Мк (за жал) Братот нејзин има отворено Хаир Вип 2 некаде во т.ц Антико