Дали некоjа од вас си ja има правено косата плава каj Аjтен Алиевска во Битола?Ме интересира дали станува по некое време жолта,па споделете искуство ако се имате правено каj неа или препорачаjте ми друго студио.
Штета, ама не му откажувам љубов Јес да одам поретко, пошто само за шишање ми треба, ќе вреди сепак. Фала за инфо, да си знам @Dadusicka.
Последниот пат 600 ми зеде. Ама искрено, вреди. Оти косата си ја држи формата како што ми расте, за разлика од претходните фризери кај што сум била. Башка, минимум саат време ме средува, а сите други кај кои сум била за 15 минути завршуваат.
и јас 600 ден платив, шишање и фенирање. може повеќе од 3 месеци се поминати и косата сеуште ја држи формата, а е порасната еден куп. треба да одам да ја свежнам малку. дали некој има ставано од маските кои ги има кај нив во студио?
Не сум ставала маски, ама го имам земено од кај него спрејот за волумен на Лакме што го користи. И мене ми е време за нешто повеќе од шишање кај него... не сакам да менувам боја на коса, ама ќе морам... бели влакна куп имам, па ќе мора или да ја осветлам или да се шатирам...
И јас имам некое бело и ми вика игнорирај тоа искрено премногу си ја сакам бојата иако ми треба промена. Ќе одам на врвови кратење и маска.. да ја свежнам малце.
Дур да најдам време, арно ќе биде и овој месец да е. Иначе немам поим за цени за нијансирање. Ќе му дигнеме цена, ќе стане ептен ексклузивен... после тешко ќе се доаѓа до него