Знам дека не е... ама од многу работа, може да стане - се надевам нема... ти кисниш секој месец кај него?
Мене ми е многу скап Дарон. За фризурата што ја одржувам, прескапо ми испаѓа - се шишам на три недели. Сонце е, колку и да е натрупан не ме одбил за термин, ама и тоа си го зема данокот некогаш. Плус навистина ми е скап со есапот што го терам со честото шишање, и тоа ме одвраќа ептен. Да правев нешто којзнае какво со косата, па да се исплати, ок. Одам кај друга фризерка, па нема ни да кажам која за да не испадне дека правам реклама, или хајка против Дарко, а немам таква намера воопшто. Го добивам скроз истиот третман. И кога ќе подникне косата, не губи форма, па не ми е во план пак да ја преплаќам неговата услуга. Пак ќе кажам, многу ми се допаѓа како работи, ама за шишање врвови кај боб да дадам 10е...нека извини. Да се фарбав, да имав некоја захтевна фризура или да правев нијансирање, можеби и ќе ми се исплатеше, вака нема шанси. Особено кога скроз истото го добивам за некоја цена што повеќе ми одговара во моментов.
@Mishela мене лично ми е стварно битен добар фризер. Не за фарбање или што знам што, ама сакам добра форма на косата, оти ми е тенко влакното и лесно ми се прекршува. Само двајца досега ми погодиле, едно девојче во Охрид (веќе не работи, за жал) и Дарко. Се друго што сум пробала по Скопјево, особено извиканите имиња тотално ме разочарале. Е сега, јас немам големо искуство со маалски фризери за шишање, оти тешко седнувам кај било кого, ама верувам дека има исто толку добри како и Дарко, само ете, тој стана доста популарен. Ако најдам добар фризер поблиску, сигурно дека ќе одам кај него. Можеби е навистина прескап, ама искрено, мене не ми менува, оти јас одам на неколку месеци за шишање, а за други промени допрва ќе видиме.
Од кога почнав да одам кај него ми се опраи косава, ми порасна и ми заживеа. Не е од оној тип фризери што ќе му речам само врвовите, а ќе ти ја скрати до уши. Или ти и/му кажуваш едно, а на крајот како он/а си замислила. А цената со оглед на тоа што користи квалитетна козметика и не е многу...па и за еднаш во месец
И мене ми е тоа битно, не одам на фризер колку да се рече дека сум била за да ја скратам оштетената коса само. Ми треба некој што стварно си го има фатот и битно ми е како ќе ми ја обликува и како ќе ја оформи фризурата за да можам дома по миењето да и го најдам крајот. А не да се чудам дал да фаќам пегла или фигаро за да ја доведам бодликавата жица во ред. Мојата коса е многу бујна, а имам многу тенко влакно и многу ми е тешко да ја средам без да ја испеглам. Низ годиниве и јас ги пројдов скоро сите салони и најмногу ми се погодија Дарко и девојката кај која одам во моментов. Плаќав и поскапо од цената кај Дарко во други извикани салони, а ефектот потоа беше...ужас. Не знаев дали на глава носам коса или грмушка. Кога веќе можам да бирам, плус и да добијам потполно ист третман за нешто пониска цена, јасно е тогаш кај ќе падне одлуката. За боење дефинитивно би му се вратила некогаш, мислам дека и покрај се, навистина му нема рамен во таа област. Ама вака со оваа фризура што ја терам во моментов, ич не ми се исплати верувај, зашто некогаш и два пати во месец се шишам - многу брзо ми расте косата, па баталив. Косата е супер, немам маки со средување дури и кога ќе прескокнам шишање во месецот и кога скроз ќе подникне, не ми е како изџвакана мастика ко што беше порано, нит да се тера нит да се води, па си се префрлив. Ќе си го чувам за Џокер во иднина.
скроз се сложувам. Јас се изненадив колку коса ми остана а барав форма за да ја пуштам и очекував многу повеќе ќе е скратена. плус од неквалитетни ножици за месец дена ми цвета. А еве сега не. цената е баш приступачна. Со оглед дека во маало имам и за 150 ден ама ми цвета од нивни ножици па место на 3 месеци да ја свежнам од кејф ја морам од што е расцветана за месец дена..
Мене од маалски фризерки еден период косата ми дојде до тоа дереџе да изгледа како метла, на сета таа нега што ја одржував по дома со масла, квалитетна козметика и се по ред. Шишана, а ко нешишана со месеци. Како и за се друго, битна си е опремата. Не е дека сега плаќам 150 денари за шишање и добивам фантастичен фриз - тоа го нема никаде, да не се лажеме. Не плаќам толку евтино, ама пак повеќе ми одговара од 10е. Сепак скапо ми испаѓа за одржување шишки и одредена должина да давам некогаш и 20е во месец. Си бендисав фризура, па сега ќе си калкулирам и ќе си барам некој што има и фат и цена што ми е ок за да си ја одржувам.
Кога се прави фризура треба да се гледа и на тоа колку брзо ви расте косата и дали е возможно да си дозволите асален фризер ако имате фризура која бара редовно кратење. мојата коса не е за таква фризура. расте како трева од секогаш. Затоа и сакам повторно да ја пуштам. Пред да останам бремена ми беше до половина и мислам повторно да ја стигнам таа должина. ем обожавам убав степен на долга коса ем од финасиска гледна точка ми е таман.
Ќе биде некогаш. @Dadusicka отприлика на три недели. Некогаш испаѓа и два пати во месец да одам на шишање. Краток фриз имам, плус коса која пребрзо расте, па фризурата што сакам да ја терам си бара одредена должина за да биде како што ми одговара. Имам мало лице, го немам тој луксуз да пуштам долга коса и да терам без шишање со месеци, па ќе терам вака додека не ми збоктиса, за понатаму ќе му ја мислиме.
во аеродром кисела вода или карпош некаде каде добро фарбаат сакам плава и страв ми е некои неискусни да не ме утнат.