Јас одам во Диор. Таму има премногу девојчиња што работат, па зависи која ќе ти се погоди... Не би знаела да ти препорачам, не им ги памтам имињата (не одам толку редовно ). Знам само дека кога ме фенираше едно девојче мислам од Пробиштип Маја или некако, веднаш почна да ми се витка косата (имам малку виткана, повеќе прекршена коса) и многу се изнервирав, па неа можам да НЕ ти ја препорачам . Кај другите сум немала некоја забелешка, ама и не сум правела нешто комплицирано, фарбање и фенирање. За шишање сепак одам на некое попроверено место.
Јас одам во aniart и презадоволна сум од нејзиното работење,работи само таа и мислам дека така е најубаво кога еден те прави друго е,а кога секогаш те прават различни.
За во Битола да ми препорачате добро фризерско студио? Сакам да ја фарбам и нијансирам косата за прв пат, ми треба проверен фризер
Една моја колешка беше многу задоволна од Мио, со години одеше. Мислам дека во Скопје Горан од Vogue е ненадминат, ама многу се чека, а тоа многу ме нервира. Јас се шишав таму неколку години, ама престанав заради чекањето. Сега почнав да одам во Empire кај Даниел, и многу сум задоволна сега за сега. Ама сум била само неколку пати, т.е. едно шишање и 2-3 фенирања. Се надевам нема да ми го скрши филмот.
Дечки да не знаете во студио Refresh во населба Бутел каква услуга имаат, дали бил некој и дали е задоволен ?
сакам да одам курс за флизерка и маникир и педикир дали некој мозе да ми казе даде мозам да се упатам?Но во Струмица или Гевгелија бидејки најблиско ми е таму
Кој има идено во скоро време во Диор.. ако може да ми каже која од девојките така подобро шиша сакам да сменам фризер викаат таму било добро само незнам кај која од девојките.. ако сте биле во скоро .. препорачајте некоја !
девојкииии кажете ми некој добар фризер за женскии? препорачајте ми некој што шиша според формата на лицето ми ги препорачаа фламур и 501 на ленинова..ноо ајде да слушнам советии и предлозиии фала*
Девојки препорачајте ми фризерско студио во центар на Скопје, или можеби аеродром..каде што сте навистина задоволни? Матичната моја каде идеме јас и мајка ми, е супер, мегутоа е многу далеку и неможам секогаш кај неа да идам, така дa.. чекам одговори
за она што го бараш нема подобри од нив,оди таму нема да згрешиш сите се супер ама сепак ке одвојам Антонија,Александра,Весна,Далибор,Маја(плавата),Софија и и и доволно се мислам студио МИО ,студио ИН и СРЕТЕН се исто така едни од најдобрите
Имам виткана коса и сакам да и дадам убава форма како онаа на Лејла, гледам сите оние кои имаат виткана коса се така шишани, Шакира на пример. па според вас Каде најдобро шишаат без утка? Некои ми кажаа дека наводно кај Сретен работат многу фризерки и така која знае која незнае да шиша, тешко да се паднеш кај него.
Што се однесува до фризерските салони во Скопје мислам дека и не стоиме баш добро на тоа поле. Тешко дека можеш да најдеш некој на кој можеш потполно да се ослониш, и за фризура, и за шишање и за фарбање и за шминка, за сите овие поединечно треба по посебни фризери да идеш. Јас со години си идев кај една фризерка која откако се омажи во Германија морав да се фрлам во потрага по нејзина адекватна замена. Само да додадам имам долга, природна, нефарбана смеѓа коса. Прво бев во Рифреш, во Бутел, и со солзи излегов од таму. Од густа и бујна коса останав со 3 влакна а башка што формата ми ја утна, ми направи огромен степен напред, тоа на изглед е убаво ама за одржување многу тешко, бара или фенирање или пеглање. Ми требаа 3 месеца да ја опоравам косата од него зашто ужасно многу беше изретчена. Мој совет ви е, што подалеку од Рифреш, видов претходно некој праша за нив. На некои мои другарки им се погоди, мене ме унаказија, не знам зашто ама уживаат да ја ретчат косата. Од кога ми порасна косата решив да одам во Диор. После толку реклама очекував чудо! Резултат- ништо посебно. Ок, знам дека многу девојки работат, и не знам која ме шишаше мене. Не ги гледајте девојките и сите оние кои ги рекламираат зашто сите тие имаат надградби, нивните коси се пошишани скроз кратко и после ставаат надградба и ние си мислиме кој знае кој ги правел и шишал. Од Диор отидов кај Бубе Ин и нормално, ништо. Мене само не ми е јасно, ако си ти фризер и си ја знаеш својата работа зошто мораш да поставиш милион прашања. На пример, ме праша како сакаш горе да ти биде обликот и јас му кажувам и тој ми вика па како да го направам тоа? И јас сега треба да учам некој што завршил школо за тоа како треба да го изведе тој облик Не бев задоволна и од него а искрено очекував многу! По долги пребарувања конечно најдов фризер по моја мерка, по препорака отидов кај него, братучетките мои се шишаа кај него. Се работи за фризерско студио My Image, кај Зебра. Фризерот се вика Саит, работеше прво во Рамстор. Бев запрепастена од неговиот начин на работа, колку ти се посветува, ти кажува што ти стои а што не, ти дава совети итн. Миење, шишање и облик 500 денари. Мене тогаш ме зезна малце и ми ја навитка и со фигаро (по негова желба) и се заедно ми наплати 1500, ама не жалам затоа што навистина бев презадоволна. Само да напоменам, човекот е експерт за шишање ама за фризури никако! За Мио сум слушнала дека е многу арогантен, и дека шиша тој како што сака а не вие како што ќе кажете. Иако сум решена да не го менувам некако се мислам и до Авангард да идам, чисто да пробам, да видам и тие како работат...Прочитав претходно нечии искуства, но сепак би замолила подетално ако бил некој да ми каже како работат...
Колку што ги разгледав постовите не сретнав дека некој пишал за Светле од Естетик од Ново Лисиче... Па доколку има некој да си каже некакво искуство, радо би прочатила... Поминував пред некој ден, ама додека не чујам некој да е пре пре задоволен, не би отишла... Јас одам на фризер во друг град (а не сум од друг град) а сега ми е толку смачено што барам нешто во Аеродром, Ново Лисиче! ептен во комшии да ми е..
Сигурно ли добро шишаат? Сакам да сменам фризер и да се шишам деновиве. Ако не чини уши шишам, затоа прашувам.
100% нема да бидеш разочарана, освен ако не објасниш убаво што сакаш Спојлер имаат и акција сега за шишање, шатирање и фенирање... да не правам реклама овде, ако те интересира повеќе пиши лп и ако планираш да одиш да ти објаснам точно каде бидејки се две фризерници една до друга
Толку многу фризерски студија сум сменила,и сите се OUT Случајно на една моја другарка,деверот држел фризерско студио,отидов еднаш,ај уште еднаш, и гледам човекот мнооогу мноооогу убаво работи.Ако кажам 2cm шишај, сигурно е 2, а не кажуваш 2 а те шиша 5, сум правела и фризури неколку пати кај него,исто така преееубаво излегувало.Алал нека му се парите,ама досега незадоволна не сум била.И што е најубаво секогаш дели совети,што би ти стоело што би било подобро,едноставно дава идеи (но не присилува). Минатиот месец ми даде идеа за осветлување, 1 и 2 нијанси посветла од мојата боја (а мојата ќе дојде како 3та нијанса), но за тоа ќе морам да почекам до напролет зошто бев црно фарбана,а долга коса, па сега морам да почекам да спадне црната боја.
Бидејќи гледам ја фалите Ирена-Дивас кажете ми дали некој до сеа се има фарбано кај неа и колку чини дали знаете за коса отприлика до раменици,фала мн