Си била ли таму? Задоволна ли си? Вака по слики нијансирањево ептен ретро го прават, ко пред 15 години. Се изначитав и изнагледав и сега сум ептен збунка кај да одам а да не ме оплескаат.
Не лично, ама пријателки мои одат и се задоволни. Се е работа на вкус, јас лично не се разбирам, оти не се фарбам.
https://www.facebook.com/FrizerskiSalonDivas/ 200 ден и ја мијат и фенираат косата. Јас само се стрижам тука и презадоволна сум.
Девојки може ли да ми препорачате добар салон во Скопје кадешто прават фризури и шминкаат а да не те направат катастрофа и да не треба да премногу скапо да се плати?
Да ми препорачате фризерско студио во Скопје, каде што ќе ми ја направат ваква косата, а цената да е пристојна. https://www.instagram.com/p/BqXqrVHj98b/?utm_source=ig_share_sheet&igshid=93qbhcgwlfg4 На втората фотографија подобро се гледа.
Здраво. Ме интересира дали знаете кој работи во Скопје со Olaplex,Wellaplex или Fiberplex освен Hairdo,Hairhouse ... Сакам да си ја сменам бојата на косата и ми треба баш некој што знае да работи со подрастични промени и со производи за подобра заштита на влакното.
Некој што си ја има нијансирано косата во HairDo да сподели искуство? Какви фарби користат, се оштетува ли косата многу, трае бојата или паѓа?
Во Лакме, Автокоманда, за 100 ден само шишаат А преубаво работат, со години идам таму, колку ќе им кажам, толку шишаат. И ептен се ефтини, работат и викенди иначе