Предложете фризерски салон околу рамстор трговскиот и главна тутнска банка за фениранје, локни и слично (ништо комплицирано)....
Мислам дека 500 ден ми зема. Дека пред скоро една година се шишав кај него. Мислам не беше повеќе од 500 ден
Девојки сакам да направам балајаж но без да ми се оштети косата конечноо ми порасна и ми се опорави Се мислам помеѓу Арт студио естетика и Фиторе. Фиторе работат со Олаплекс кога ги прашав за мојата коса ми рекоа ќе ме чини околу 7.000 ден.. Океј би платила но со сигурност незнам дали ќе ме погодат. А Естетика бев пред 4 години и чекав со саати и пак не ме направија баш..Еве ја мојата; А сакам ваква;
Ти стално одиш Турција, зашто не одиш кај турскиот фризер не ми текнува името во моментов ама на инстаграм како што гледав ги правеше косите сон. Па сега кога веќе даваш толкава пара, бојле нему да му платиш. Ептен е врвен и сигурно ќе те погоди.
ај види на инстаграм energy.hair од Приштина биле, ама види ги фризурите баш како што сакаш сега, една другарка оди стално топ и ја прават.
Естетика никако. За Фиторе не знам, ама 7.000 за балајаж со олаплекс на твојата должина на коса не ми се чини прескапо. И јас би ти ги препорачала Дарон, а верувам дека супер би те направил и Адо во HairDo.
Некој да сподели искуство со hair shop на ул.11ти октомври. За балајаж сакам, ми кажа цена отприлика 2200 со попуст за термин претпладне,за мојата должина на коса, средна накај долга и прилично густа што ми е прифатливо. Е сега не знам дали ќе ми ја погоди, првпат се решавам за вакво нешто, досега ништо и немам правено на косата па ми е малку страв.
Ако мислиш на Арт студио јас закажав таму па ќе ти пишам како ќе поминам. Во Фиторе не сум била, немам искуство. Со оглед на тоа дека во Арт шишање им е 600 ден. не знам колку би ти наплатиле бајлаж за оваа должина на коса. Се надевам дека нема да ме утнат. После два месеци потрага конечно се решив и рекоа дека тоа што го барам нивниот "колорист" може да го изведе Ќе пишам апдејт. Сега видов на гугл дека станува збор за сосема друго арт студио
Divas фризерскиот салон што го препорача една феминка на минатата страница.. Бев таму и сум баш задоволна.. за 200 ден. шишање со миење и фенирање..
Бев во Hair house и искрено воопшто не сум задоволна од она што го направија со мојата коса. Ме шишаше Наташа/Надица (не сум сигурна како и беше точно името) девојката си шиша по свое и воопшто не го зема во предвид мислењето на клиентот. Имам, поточно имав долга коса некаде до половината и сакав да ми направи малку степен. И да добив степен со тоа што косата сега ми е до раменици. За оние со долга коса Hair house дефинитивно Не. Вооедно целото време додека ме шишаше се трудеше да ми продади некој нивен производ. Наместо да се релаксирам, ужасно ме напна девојката. Едно време помислив дека е до мене зошто и кажував што се користам за коса ама кога го видов односот со девојката до мене на која и правеа фризура (Дарко) целосно се откажав од овој салон. На девојката не и се допадна фризурата па кога ја нападнаа двајцата дека фризурата што таа ја сака била премногу теткинска и дека оваа многу подобро и стоела...уште малку ќе ја расплачеа. Со еден збор Катастрофа од салон.