Јас одам на шишање скоро една година и сум задоволна. Не чекаш на термин, брз е, не е скап... Сега јас одам само за шишање врвови, без некои големи промени... Инаку работи од понедленик до недела со тоа што вторник му е неработен ден. Преку недела мислам до кај 20ч. вечер....
Ти благодарам! Отпосле те прочитав на претходната страница, но сепак ме интересираше работно време. Благодарам уште еднаш
Тоа во Центар не го бива, знам многу девојки се жалеа на темава, особено за нијансирање/бланширање. Во тоа во Карпош знае некој кој работи?
Доктор, (Мац) карши Скопјанка, одма кај автобуската (Спорт Лајф мислам има до него). Само тој ме има погодено во последните 6-7 години. 500 мислам ми земаше за шишање ама вреди за секој денар
https://grouper.mk/deal/moe-studio-dadar-tretman-kosa-sisanje-maska-feniranje-maj дали некоја ја користела понудава од Групер за кај Дадар?
Здраво женски. Ми треба една информација. Би ви била благодарна ако некој може да ми каже дали знае некое девојче што убаво шминка и прави фризури во Марино, Илинден,Ченто или Автокоманда а да работат во недела? Во некое од тие места, пожелно би било Марино или Ченто, ама може и други само да се тука во близина.Ви благодарам однапред.
само дарко шатира , девојките не вадат прамени. дури ни прелив не мешаат тие не па да шатираат. супер се девојките ама мислам дека не би им дал прамени да вадат
Каква коса имаш? Ги читав претходните мислења и сите ептен го пофалиле. Имам степенасто шишана коса па ако имате предлог каде можам да одам би ми било мило ако ми помогнете
600 денари зема, и да, јас сум задоволна. Ако прашуваш за Дарко од Дарон. @wannaBeMomma збори за друг Дарко.
Во Центар работи тоа маското што го има на Фб, еве денес закажав сепак, па ќе споделам искуство, а бидејки живеам во карпош, на поминување видов некое девојче во салонот во карпош, а многу пати кога сум поминала било затворено.