Darko od hair house mi e najtapa so satiranjeto. Na site im go fura ljiljakov sampon, pa ajde kupuvaat od kaj nego, i sega kaj mojov frizer doaga devojka se satirala kaj Darko, i ja presusil kosata i stavila od samponot i celata dojde plava vo glavata. Ednas se pravev kaj nego, em me napravi kako klasicno maalsko satiranje, em pari masala mi zema i plus samponot i mene mi go nudese. Jas nemam dobro iskustvo so nego.
Дечко кажете ми студио од кое можам да купам ревлон профешнал. И ако некој скоро купувал која цена е? Однапред данкеее....
Еве како што ветив дека ќе споделам искуства. Студиото е ок, тој што работи таму малку, некои глупави коментари дава, има многу глупава смисла за хумор. Она што го приметив е дека и двајцата беа средени, девојчето имаше уредна фризура, шминка и тој исто, за разлика од фризерници кај што таа што ти прави фризура има ужасна фризура, јас лично не почитувам такви фризерки. Друго исто така што не сум го сретнала во други фризерници беа негови препораки околу фризурата како би ми стоела мене подобро според лицето и структурата на косата. Е сега цената не е баш пристапна, не сум сигрна дали треба на форумов да дискутирам за тоа. Иако за шишање имам платено и повеќе ама ок. Генерално земено задоволна сум. Дали би отишла повторно, веројатно да. Се надевам дека оваа мала анализа ќе ви помогне во изборот.
Предложете ми некое студио да направам некој третман за плава фарбана коса, оштетена ми е од бланжот прилично, и црни ако знаете
Дарко од Hair house, не само што е толку извикан,самобендисан и преценет туку според мене врска нема од работење,безобразен е и има пренадувани цени. Бев кај него еднаш за свадба ми направи пунџа доле ниска најобична,не беше лоша. Сестра ми правеше кај него бајалаж и и зема 5500ден а скоро косата како да не и беше ни правена, со 3 миења беше како буквално ништо да не правела на косата,којзнае што и имаше ставено. Имав закажано кај него за свадба од една единствена причина што неможев на друго место да најдам каде изнајмуваат наградби за коса ,сакав наједноставно ништо комплицирано, репче фатено високо само малку да ми е подолго зашто мојата коса не беше доволно долга кога ке ја фатиш високо, и маалку да ми биде извиткано благо на краевите. Кретенот ,вечерта пред свадба во 11 си стави слика од одмор во Црна Гора, без да ме извести и откаже. Да напоменам дека свадбата ми беше во септември , имав закажано од мај и притоа се јавив 5 пати кај него да го потсетам за терминот да не ме изумил и да го прашам дали сигурно е тука за датумот што имам закажано. Накрај испадна дека не ми го откажал терминот зашто негова вработена што учи ке ми прави коса за свадба, кога дојдов сиротата незнаеше обичен реп да врзе, па си ја правев сама косата. Накрај отидов на сопствена свадба со полу реп за кој што уредно имав закажано 5 мес унапред и дечкото уредно ми кажа цена од 3000ден, и реков нема проблем, мегутоа не да ме прави чирак и некој да се учи на мене. Изговор му беше - извини одморов у 5 до 12 ми испадна... Никогаш моја нога нема да стапне кај него па незнам што да е, и да, го раскажав сегде.
+1 задоволна од Мац. Зема 500 ама вреди за сите пари. Инаку коса имам за извоз, густа. Единствено Мац со ќеф шиша, други кај шо сум била превртувале очи со комемтар 'Леле, косава ти е . . .'. Единствено што не ми се допаѓа е што одам точно до минута во закажаниот термин и чекам уште 15 мин. да доврши со тој пред мене.
Некој да препорача добар фризер во Кочани? Не ми треба ниту за фризури, ниту за фарбање, туку да е одличен во шишање. Немам комплицирана коса, права, густа и само сакам да ја скратам, ама ми е важно да си ја знае работата, не да излезам криво исшишана
Добро не сум била единствена незадоволна од него. На слика едно имав а ми направи друго по негово,шатирање ова она..коренот некако мн ми го остави а сакав од погоре да почнува..читав дека го фалеа ама ништо посебно или светско за тие 5000 што ми ги зема и за тоа фалење што го читав. Така да ако имате некој добар фризер ама стварно добар а не извикан само,кажете
Девојки, ми треба фризерско студио во околина на Карпош, Лептокарија, Капиштец, некој што би ми ја навиткал косата? Предлог? Однапред благодарам
Ме интересира дали некој знае за фризерски салон Infinity што е лоциран во Кисела Вода колку чини кратење на коса?
Девојки здраво! Дали познавате фризер/ка што доаѓа до дома за фризирање и дотерување? Ако да дали може да ми испратите во порака бројче/facebook/insta? Ви благодарам!