Цаци, карпош 4 над тинексот до тоа визиана очното Тоа во центар врска нема, јас бев пред неколку години скапо а без везе ме офарбаа и бев шарена, имаа ист салон во бисер само таму работеше сестрата на дечково од центар и од нејзе бев презадоволна девојката ја биваше знаеше што прави, јас одев од ѓорче до бисер само за кај нејзе, ама тој салон го затвори се породи и преселена е во германија мислам а во карпош работи девојчето што беше на пракса јас кога се правев во центар, не работи лошо ама за фарбање не знам, тоа треба да знаеш да мешаш бои стварно да те бива..
Да, јас правев нешто слично тука и ме фати 3000 Сега имаат и нов бланш што е малку поскап (можеш секако да си го одбереш и стариот), со него мислам дека околу 4000 ќе те фати.
Стои, едно е бланш, друго е фарба. На почетокот се миев со силвер шампон и ми позелене од внатре косата, па ме искараа хаха. Од тогаш не ставам и супер ми е, воопшто не пожолтува шатираното.
Малце глупо прашањево, ама да си ја пробам среќата. Пред некое време на инстаграм гледав некое фризерско студио од Чаир, Топанско, тој дел од Скопје. Според сликите многу добро шатираа и правеа балајаж. Мислев дека сум направила save на некоја од сликите, ама не можам да најдам. Некој да не има предлог за кое студио би можело да се работи? Фала
Дечки, за шишање (прилично кратко) и за фарбање (светло костенлива) кого повеќе препорачувате од hairdo и hairhous? Или дарон
Кај Сандра во Центар, била некоја и дали шишаат добро ? И јас сум чула фалби за некое студио во Чаир, ама не разбрав убаво каде се наоѓа. Мислам дека за машки стилист стануваше збор
Студио Arta од Чаир,Студио Estetika Чаирчанка,Студио Vale Dema Бутел,Студио Fitore Чаирчанка, Студио Fatria Чаир,Студио One Чаирчанка, Студио Diaa Север, Студио Sadet Elezi Топанско, Студио Анфи Џон Кенеди, Студио Keka Топанско друго не ми текнува кое може да биде дека овде многу има фризерски студиа на секое ќоше
Фала ти Имаш искуство со некое од нив за шатирање/ балајаж? Кека и Арта ми се допаднаа вака од слики.
Имам правено балајаж во студио Диа.Искрено не бев задоволна како што ми имаше претходно кажувано дека ќе направи.И покажав слика како сакам,а ни пола од тоа не испадна.И мене ми се допаѓа студио Арта и се мислев дали кај неа да одам следен пат или во Хаир Шоп.Кека е исто добра,но е поскапа братучедка ми порано одеше кај неа за шатирање и навистина многу убава и беше косата,убави нијанси и погодуваше.А јас пред да направам балајаж ни Кека ни Арта не сакаа да се нафатат да ми направат дека ми беше потемна косата и со црвен пигмент,потоа отидов кај Диаа и она ми направи ама не бев задоволна како што сакав јас. Провери и Студио Zone Aida и тие исто многу убаво прават во Лисиче се наоѓаат
Здраво женски После неколку неуспешни обиди од костенлива да добијам, плава убаво нијансирана боја, се одлучив да дадам и повеќе пари за да го добијам посакуваниот резултат. Па препорачајте ми салон кој би ме средил баш како што сакам Размислувам меѓу Адо и Hair Sho, ама секоја друга препорака е добредојдена.
Дечки добро студио во Центар што знаат да шишаат и виткана коса а не само рамно? никој не може да ме погоди, или си одам со шашави степени или имам дупки кога ја пеглам Како се вика студиото?