Јас одам кај Андреј Миске. Имам многу долга коса и откако одам кај него значително помалку ми расцветува и многу е стручен за шишање. И ја бланширав кај него,нормално не целата туку ова сега што е bayalage или balayage не знам како е точно. Презадоволна сум, а цените се нормални не е претеризам како кај некои други познати фризери.
3000 ми зеде мене. Ми рече 2000. Ми скрати врвовите, и со пегла за коса ми ја извика и ми зеде 3000 на крај. Ама стварно прејако нијансира. Каде се наоѓа? Колку зима за шишање?
Зависи од должината, густината на косата, фризот што го сакаш ама над 500 беше секако, не се сеќавам одамна се шишав таму и можеби има измени од тогаш.
Препорака за професионално фризерско студио во Скопје што убаво извиткува коса? Сакам крупни локни ама претходно да ми ја исфенираат и средат целата а не доле локни а горе расчупана, само миена. До сега никој не ме погодил. Фала ви однапред за препораката и ве молам нека биде од искуство, за важен настан ми е.
Ќе побараш фенирање т.е да те виткаат со четка... во к.вода додека чекав пред мене ја правеја една девојка така...ама оддамна беше
Добри се? Задоволна си? Онака како фризура испаѓа баш? Во кое Диор идеш и кој те прави зашто знам дека повеќе вработени имаат? Имам побарано ама џабе, горе ми ја сушат само, шишките така ми ги оставаат ни фенирање ни ништо само доле ми прават локни и толку. Со Диор немам искуство.
Сега идам во Автокоманда, дека ми е поблиску а порано идев во Центар. Исто порано ставав прамени и секогаш бев прекрасно исфенирана и така косата со денови ми стоеше. На многу места сум била да пробам и пак кај нив се враќам . За право фенирање ми земаат 300 дека долга коса а за виткање мислам 350 беше . Не ги мењам
Фала ти многу само извини, можеш уште да ми кажеш кај кого да закажам? Кој работи најдобро? Инаку во центар би одела, мене тука ми е поблиску