Како не е 4200 претеризам? Не мислиш дека тоа е скапо ? Јас сум била кај скоро сите подобри фризери во Ск и никој не ми земал повеќе од 3500 и тоа за шатирање, што е пообемно од балајаж.Колку и да е долга косата многу е според мене.
Не е многу, предолга коса имам и во таа цена имав и шишање и третман и се што посакав, преливи, фризура на крај и се што ставаат е исто така во цената. секаде тоа е така, но јас имав и плус третман и шишање, а шишањето му е скапо но така никој ме нема шишано.
Дали има некој искуство со Дуле и The cult во Лептокарија? Сакам да се фарбам кај него, стар фризер е но ме интересираат искуства од други
Сакав да прашам колку е цена отприлика на шишање и балајаж на долга коса кај Дарон? Прв пат би правела балајаж имам прилично долга и темна коса. Колку време трае третманот и на колку време го повторувате. Може прашањево звучи смешно, ама сакам да имам некоја претстава пред да се одлучам.
Колку зимаат на фризер за фарбање со моја фарба (ако вооппто врши некој таква услуга) и кој фризер би го препорачале?
Здраво. Се изначитав рецензии од различни салони и сепак не можам да се одлучам(бидејќи се вртат истите 3 hairshop, hair house dior и слични). Може се навистина добри ама со оглед дека косата ми е прилично долга(не до половина) не би дала 5000/6000 за balayage. Иначе имам природно плава потемна коса и до сега никогаш не сум се фарбала/бланширала. Може ли да ми предложите некој добар салон каде што нема да ми ја изгорат косата, ќе бидат фини за соработка и да не ми здмат некоја астрономска сума, би дала до 3000. Не мора да биде некој извикан салон, може и некој што не етолку популарен а работи добро и квалитетно. Фала однапред
Јас би ти го препорачала Столе Студио С што се наоѓа кај млечен.Цело време се нијансирав и фарбав кај него и можам да кажам дека сум задоволна,имам слаба коса и не ми се оштети,користи квалитетни фарби и бланшови.Бидејќи имаш природно плава потемна коса би ти препорачала да не ја бланшираш туку да ја нијансираш само со фарба ама сепак пред да се нијансираш консултирај се со него и ќе ти објасни убаво и ќе ти ја каже цената,јас така правев.Има инстаграм па можеш да разгледаш
Што мислите за КА-ЕЛ во Кисела вода? Вака се ок на фб, но некој што бил да сподели искуство. Сакам да одам за нијансирање.
Препорачајте ми некое фризерско студио каде што шатираат и фарбаат убаво а да не е прескапо. Во Скопје.