Здраво дечки, морам да се пожалам и да побарам огромна помош Бев кај една фризерка во ск со цел да ми извади шишки на страна и и ја покажав првата слика.. Ама што да ви кажам, не испадна ни приближно од тоа буквално како на втората слика, значи шишките ми се до над веѓите и сосема е шишано рамно како со лејнир нема никаков степен а најтрагично е што не се ни исти шишките од двете страни значи ве моламкажувајте некое добро фризерско студио од скопје што ќе може да ме спаси ќе молам да ме средат нареднава недела како ќе одам вака за нова нз ни како ќе излезам од дома плс ама некој што навистина знае да работи
Мислам дека спас во случајов ти се шишки скрос рамни преку цело чело, пошто премногу ти ги скратила за на страна да ти стојат. Шишки одамна не сум носела, така да не можам да гарантирам кој фризер би ти направил добри рамни. Фризеров кај што одам 600 наплаќа за шишање, добар е, ама за корекција не ти се исплаќа да платиш толку.
Нее тоа не иди во предвид прелошо ми стојат а не ни сакам ништо ќе ги растам сега некои два месеци па ќе идам на фризер
Ми тргна со кратење на косата, ја прежалив. Сега сакам уште пократко, вака нешто. Препорачајте Студио некое, голема промена ке е ова па сакам некој сигурен и добар.
Сакам да правам омбре, ама ептен ми е осетлива косата, еднаш многу ми ја изгореа на фризер и ми паднаа некои делови, препорака за добар фризер во Скопје?
Колку повеќе одам толку повеќе гледам дека не постои таков,пак сум за никаде со косава,ми иде сите огледала да ги фрлам од дома за да не се гледам.Иначе не барам којзнае што,само степенаста должина.Носам и фотографија и пак сум утка.Ако најдеш таков во Ск.пиши ми те молам.