Па не баш... Отидов на шишање се јавив прашав цена ми рекоа 600 ден одам да платам ми вика 1000 викам како 1000 па 600 ви е шишање и 400 фенирање, тотално непрофесионално значи нормално дека нема со мокра коса да си одам,
Е тоа. Ме скрати повеќе од што сакав, и после миење дома, ко никогаш да не сум била на фризер. Ама држи цена човекот.
Фала ти за информацијата. Све им малку на тие што најмногу зимаат...На фризери, на извршители, смешки. Бар да имаа некој трошок, дерат сегде а посебно по Скопјево.. А искрено јас имам поминато многу фризерски студија, особено поскапите и немам најдено некој фризер што е стварно идеален па барем да не ми е криво да платам. Ама пеглата у рака и дотерување сами, бар знаеме како и има од кај да се научи у модерново време.
Дупло си платив некни за едно обично стрижење. Не, не знаат шо да сечат. Мора да нагласуваш шо сакаш и да си подосадна па за да те истера (до некаде) ко шо треба. Повеќе се исплаќа учи се сама, купи си салам ножици и бркај си работа. За добар степен, уште не најдов некој/а шо се разбира..И од коа ме утнуваа на салам долга и здрава коса со по две опашки онаму ко испогорена да сум била во косата, строго рамна или благ V.
Имам закажано нијансирање во cut&cut во Штип. Јас познавам една фризерка таму, ме правеше лани во салонот Ера кога бев, и Андреј Миске кога работеше. Сега Андреј не е тука и нема кој да ме среди.. Се надевам нема лошо да поминам. Ми кажаа 4000 отприлика бидејќи ми била долга и густа косата. Што мислите? Ќе ме направат убаво ? Некој искуство да не има во cut&cut? Еднаш бев на фризура, 400 ми наплатија.. Измиена, со сува коса отидов...