Поголемиот дел од фризерите заработуваат за само давачките да си ги платат. Луѓе што речиси 20 години работеле како фризери во последниве две години ги испозатворија салоните и почнаа да работат сосема друго неповрзано со професијата. Убаво е да мислиш дека немаат никаков трошок, ама фактот е дека државава највеќе удира по занаетчиите.
Предлог за добар фризер за нијансирање на косата ? Сакам да ја осветлам малце сеа со новиве техники што се само ми е страв да не ми ја изгорат искуство со некој фризер што е добар за Скопје прашувам.
Позади каптол е поточно позади дежа ву . Јас се шишав кај него порано добар фризер е 500 зема за шишање
Шишање мислам дека му е 600.Како што гледам одлично работи,и јас планирам да одам кај него.Пиши искуство
Дајте предлог во Скопје каде да си ја осветлам косата, балијаж или natural highlights. Се шишав во hairdo и презадоволна сум, но многу ми е скапо 4000 денари да дадам, па после за одржување... Не мора да биде некое познато место, само да не ми ја изгорат косата. А за да ме утнат тешко е бидејќи веќе ми е природно плава косата.