Препорака за фризерско студио во Скопје, не е битно која населба. Сакам да се фарбам за прв пат во животот и не сакам да си заминам со изгорена коса а и џеб Ова ќе е значителна промена за мене бидејќи сакам да направам драстична промена на изгледот и сакам да знам дека ќе сум во добри раце. Благодарам однапред.
Јас одам кај нив скоро две години, одлично си ја вршат работата, вработените се тивки и срдечни. Работат со Schwarzkopf Professional производи. Конкретно за шишање јас си закажувам кај жена му, секогаш ми ја погодува формата, во моментов имам long bob должина до раменици. Претходно одев во Hairdo, исто многу професионални, единствено ми пречеше што мора да се закажува неколку недели до месец унапред, а мојот распоред со обврски е таков што не знам дали баш тој ден ќе бидам во Скопје.
Предлог на фризерско студио за надградба на коса.. Дали има некој правено во Z-hair и искуства. Колку отприлика би чинело надградбата и дали се оштетува твојата коса со лепењето на надградбата. Ве молам искуства ❤️
6000 фризура и шминка јас правев за свадба ама не бев мн задоволна зошто после два три саати ми се одлепи пола трепка.. А замисли невеста си :/ Другарката моја исто беше невеста и беше кај него и каснеше мислам дека околу 40мин или поврќе не знам, ја заборавил :/
Мислење за Hair Shop салонот наспроти Зелено пазарче.... https://www.instagram.com/hairshop.professional/
Hairstudio_unique на Инстаграм побарај, ако не си била кај Говорко, предобар е. Шишање му е 700 денари само да ти кажам. Он ми е проверен.
Hair shop спроти зелено пазарче, hair do и hair house отвараат на 4ти мај. За други не знма, овие се тие што ги имам на инста па така и знам