Немојте да се лажете да одите кај Игор Говорко за фарбање. Требаше да ми направи бајолаж а завршив со ужасно шатирана коса и сега не можам да си ја оправам!
Во прамени значи и постепено осветлување, на месец, два, три. И даваш на косата малку простор да се опорави. Ќе потпорасне, ќе го скратиш тоа што е оштетено малку. На веќе бланширана коса, па фарбана темна, па пак да ставиш бланш на цела коса = коса метла. Ќе почне да се кине сама по себе. Ако ја правиш на прамени, добиваш ем посветла боја ем помалку штета. Може не ни сака да ризикува некој да и стави бланш на цела коса па да почне да и се кине па после он да одговара зошто се нафатил. Крај краева многу зависи од тоа што е претходно правено на косата, каква коса има, итн. На 2 различни девојки може различно да фати. Сепак, јас не би ризикувала, па сега девојчето како сака.
Дечки дали има тука некој друг чиј пигмент на косата е таков да доколку се фарба да се осветли, има тенденција да стане жолто или портокалово? Ако да, дали сте нашле добар фризер? мојата боја е темно кафена и сакам светло кафена со плави хајлајтс напред , што нема на второ миење веќе да ми стане портокалово
И за шишање е ужас... супер изгледаше се, се додека не ја измив Ме исецкал, исецкал... на лева страна имав сецната дупка која и на репче ми се познаваше... едвај чекав да ми порасне за да не се ишишам ептен кратко (среќа брзо ми расте периодов косата), за 3м израсна и пред некој ден се шишав на друго место скроз рамно (така и на него му кажав и покажав, незнам зашто толку ме исецка).. И сега е тоа што и барав и каде каде поубава. Еве разлика... прва слика Февруари, втората пред 5дена. 3м ја префрлав цела коса на оваа страна кај дупката за да ја покривам..
За правење на шишки ретки модерни дали е подобро во Hair Shop или Hair House? Исто така во кое студио би имало побрзо термини, дали се чека со недели?
Женски да Ве прашам каде е точно Hairdo префрлено сега? Знам било кај универзална порано ама за сега нема точна адреса.
Мене во кул кат лани ме унакази типот. И што е најтрагично ме исфенираа девојчињата, не дојде ни да ме провери, едно погоре едно подоле,запци насекаде. Боб фризура.700 ден уште. Па чекав неколку месеци да се прешишам, правев мини репче. Сменив и патец... Сега имам траума да одам некаде, јас не знам што е со шишањево,како шишаат ко зајци да гризеле. Немам доверба. А баш се мислев за Игор Говрко, понормален ми се гледаше.
За цена веќе ти одговорија, мој совет никако кај него. Ако не те познава ќе ти стави пудра без никаква подлога, за 5 мин ќе си готова и на крај дома ќе се дошминкаш.
Што знам, јас бев презадоволна ептен убаво ме нашминка баш како што се замислував. Сепак секој со различно искуство и различни вкусови.