@Jana20 И јас бев кај Октај и искрено за тие пари не би отишла повторно. Косата до пола односно горниот дел ми излезе сив, баш тоа што му потенцирав дека не сакам. Мразам сиви нијанси на плава. А плус и темен ми беше многу тој дел. Сега со одмивање се осветли. Од пола надоле па ми излезе баш бојата што ја сакам, преубава е. Зошто не ми ја направи така и горе, што се случи стварно не ми е јасно. Како може да потенцираш дека сива не сакаш никако и пак да ти ја направи таква... А башка што го заборавил делот кај шишките. Се на се ништо посебно косата. И немој да се лажете по сликите што ги става на инстаграм. Мојата коса во живо и на сликите негови не е иста. Инаку @Jana20 криминал е 4500 за таквп шатирање. Како кај малска фризерка да си била. Срамота. Треба да му отидеш и покажеш каква коса ти направил уствари.
На другарка и ја изгоре косата и се правеше наудрен. Кога после миење дома му прати слика на што и личи косата- ја изигнорира.
Не ме чуди, не е ич професионален. Глуми лудило, треба да му заѕвониш 20 пати за да ти се јави, а му вртиш од веке познат број. Ти праќа порака во 12 часот навечер за да ти презакаже за утре друг термин! И сето тоа би го занемарила да ми ја направи косата како што сакав, а не да излезе се спротивно од она што сум побарала.
Ама зошто си му платила? Мене чим ме измиеле исушеле и е нешто што не ми се свиѓа одма викам преправи! Јас дома не си одам ваква. Ти реков вака сакам, чим си се нафатил твој проблем. Ти кажувам да реагираш зошто фризериве многу се преценуваат. Говорко го имам заглавено до 10 вечер, и не ме занимаше, не ме направи како што сакав. Тоа што ме преправаше не ми наплати. Ценете си ги и вие парите. Јас за 4500 ќе се окозам од работа, тој ќе намачка 30 фолии.
Јас не знам што ви е финтата со одење кај познат фризер Неколку пати отидов кај фризерка во Аеродром и иако не е позната и нема астрономски цени ги задоволува моите желби. Ме шиша рамно без да ми штрчат влакна и ме фарба баш плава како што сакам. Не би ја менувала засега.
Има посрамежливи девојчиња, убедена сум дека во моментот им е срам да кажат (иако јас мислам дека кога човек е задоволен едноставно се познава по експресијата, исто и кога не е задоволен од исходот), па ќе се туфка дома и ќе плаче, наместо да си каже на лице место и да се најде решение. И јас си кажувам ако нешто не ми се свиѓа, ама од друга страна пак - не секогаш сум наишла на разбирање кај фризериве кај кои одев порано и сум си рекла ајде нема веза, батали. Нареден пат не се враќам таму за шишање и готово. Среќа моја па само сум се шишала, не сум менувала боја. Би полудела, најсериозно. Ако е добро изнијансирана косата, шанси нема да изгледа вака како пруги кога ќе ја измиеш дома сама и кога ќе ја зафенираш барем малку. Барем мојата не изгледаше вака, буквално ни кога почна да подникнува коренот не се познаваше што е правено со косата а промените во нијансата од претходно беа очигледни. Ма да и многу девојки одат со сликата симната од нет и очекуваат да добијат некоја копија, а не мора да значи дека ако ми се допаѓа нечија коса, истото ќе ми прилега и мене. Тоа веќе е грешка на самиот фризер, тој треба да си пресече, да објасни и да најде соодветно решение за секоја коса. Јас немам убаво искуство со извикани фризери, а богами ниту со маалски фризерки кои ми ја упропастија косата. Ми се створи аверзија еден период поодамна се шишав сама и не се оптеретував. Сега ми е супер таму кај што сум и не се замарам со вакви инстаграмски ѕвезди. Реагирајте си луѓе, ако веќе до толку не наидете на разбирање сменете си фризер и завршена приказна. Не е еден и единствен фризер во градов па да му се секирате.
Октај е очигледно само инстаграм ѕвезда и извикан, бар моето искуство е такво. Косата на инстаграм и во живо не ми е иста ич. А јас се излажав по сликите. Кај него веке ни денар не давам.
Само адо за се е топ ама за боја нема утка, и не му е важно да ти ги земе парите туку да си задоволна
Сум слушнала само пофални зборови за него, знаеш каде се наоѓа поточно? Еве и мое искуство. Пред година ипол ме фати криза за фарбање, т.е нијансирање. Беше пред сликање за табло и барав низ ск да најдам некој што убаво ќе ме среди со ок цена. Неколку салони поминав и цените не беа реални. Случајно два дена пред сликање ми искочи понуда во Мое Студио Дадар 1800 нијансирање и некаква маска. Некако имав убаво чувство. Отидов и крајниот резултат ме изненади.. Не очекував ни пола од тоа, па дури мислев дека кој знае што ќе биде кога ќе ја измијам. Луѓе година ипол помина мене сеуште ми стои, не ми се жолти, исти се како и првиот ден, нормално со шишање се крати да но сеуште сум иста. Така да голема препорака за нив. Што се однесува до Октај, јас идев кај него уште пред да биде толку познат, само си правев фризура, брановидни локни не некоја филозофија, за матура исто кај него бев ок ме среди но самото негово арогантно однесување ми е антипатично. Баш ми ја искоментира косата кај сум се правела, вика дојди јас поубави прамени правам, ти ја изгореле косата а мене баш ми беше убава. И искуство со Дина Латиф, се шминкав за табло, за мој вкус многу пудра изгледав плус 15год и не е исто како на сликите. Кај нејзе сум Wow, во живо nothing special..
Леле вака да ме направеше салонот ќе му го превртев над глава. Па уште и ценава.. Некогаш ептен сакам да идам да се средам на фризер, онака колку да се каже дека сум била ама кога ќе прочитам искуства среќна сум што мајка ми дома ме шиша и фарба
@Jana20 Јас колку што се познавам себе си вака да ме напраеше салонот у воздух ќе му го дигнев и не си идам додека не ме напраи како што сакам или ако веќе ме утнал што ќе барам од него пак да ме доупропасти. Ама најверојатно нема да му платам и ќе си одам па ако сака полиција нека ми викне. Ние пари на дрво не береме. Колку и да ви изгледа ова некултурно ама тоа и го заслужува според ова. Vlatko Instyle е многу добар и квалитетен фризер,на мајка ми и праваше блајаж или прамени со фолија и авион ја напраи нит оштетена косата нит ништо. Не е скап и супер работи планирам кај него да си се фарбам прв пат. Не се рекламира по фб и инста затоа што си има работа и сум приметила дека за тие што најмногу се дига врева не работат убаво. Btw уз пут додека пишував му го ѕирнав профилот и пола се пеплосани и јавни фаци прави изгледа посебен третман добиваат а за нас обичните смртници 3 праменчиња @Принцезичка1 за која фризерка зборуваш?
500 корен сосе фенирање, а 1500 блајаж (зависи од должина сигурно) вака на мајка ми и зема.А за цела коса не знам кога ќе идам кај него следен пат ќе го прашам ме интересира и мене
Може некој да ми препорача добро студио за нијансирање/балајаж? Битно ми е да работат квалитетно ама и да не се астрономски цените. Сакам нешто како на сликите. Воедно и за шишање.
Дечки дали некоја од вас шишала шишки од оние што се модерни сега ? Дали би можеле да ми препорачате некој што добро шиша шишки ?
Веднаш спроти Американ Колеџ во првата сива зграда е. Не ми текнува име на фризерницата, но ако ти е потребно контакт бројче пиши ми.