Ги отворив овие студио Коса, видов прават кератински третман на косата и резултатите се прекрасни. Има некоја правено? Како сте задоволни и која цена е отприлика?
Другарка има правено, мислам дека беше 2200-2500 за која било должина. Пиши им во инбокс, ќе ти пратат цел текст околу третманот, за да си оцениш дали е погоден за тебе. Другарка ми има брановидна густа бушава коса и вика дека после миење не и е права како фенирана, ама за многу пократко време ја средува и повеќе и трае. Баш ме интересира како ќе и биде зимава од влагата.
600 и плус за фенирање се доплаќа? Значи ќе му дојде околу 1000ка. Па во сите салони фенирањето е вклучено во цената...Си се преценил малку повеќе
Да плус е скоро секаде веќе, освен во маалски салони каде што е шишање 300 ден. Имаш опција и да не се фенираш само ќе те исушат
Еве јас искрено прв пат слушам за ова. Последните 3 пати не сум се шишала во маалски салони и било 500-600. Ама ова што е многу, многу е. Претеризам...
Многу некако.. Јас сакам да ја скратам и шишки да си направам како на страна само ми е да не се зезнам негде па после да ги препкалам Кај би ми препорачале на друго место до кај 500-600ден?
Девојки, имаше една фризерка кај Дадар - Ивана од скоро веќе не работи таму, ве молам ако знае некоја каде работи, како да ја најдам...
Се има некоја шишано во скоро време кај Дадар? Имаат понуда на групер па ме заинтересира . Или пак, предложете некој салон каде што убаво шишаат благ степен.